SKF акредитирана како овластен добавувач на услуги за морски платформи

2013 декември 03, 13:00 CET

Гетеборг, 3 декември 2013 година: SKF (UK) Limited Aberdeen, центарот за извонредност во рамки на SKF Reliability Systems што специјализира во индустријата за морски платформи, доби престижна акредитација од DNV (Det Norske Veritas) за Овластен добавувач на услуги. Акредитацијата што досега ја имаат добиено само неколку компании ја истакнува исклучителната способност на SKF за подобрување на надежноста и за остварување заштеди за нејзините клиенти од индустријата за морски платформи.

Ова достигнување е значајно поради позицијата на DNV како најголемо друштво во светот за класификација на бродови и морски платформи, но и поради неговата позиција како еден од трите врвни органи за сертификација во светот. Акредитацијата следуваше по повеќе сеопфатни процени и проверки на квалитетот на системите на SKF Aberdeen, извршени под надзор на DNV.

„Сертификацијата од DNV станува широко позната како услов што го поставуваат многу компании кога избираат услуга за следење на состојба – па затоа добивањето на овој сертификат е значајно достигнување“, вели Дејмиен Орајли, директор на SKF North Sea Operations. „Навистина вредеа времето и напорите што ги вложивме во овој процес и во тесна соработка со DNV. Нашиот оддел сега е добро позициониран да им помогне на компаниите за морски истражувања, дупчења, нафта и гас да ги намалат инспекциските барања на CLASS, како резултат на нивната соработка со сервисна компанија овластена од DNV. Со оваа акредитација, уште повеќе се приближуваме до нашата цел да станеме претпочитаниот добавувач на услуги и решенија за целиот сектор за нафта и гас“.

Добиената акредитација од DNV е клучен аспект на долгорочната посветеност на SKF кон градењето ефективно управување со животниот циклус, со цел намалување на вкупниот трошок за сопствеништво и зголемување на профитабилноста за клиентите.

Aktiebolaget SKF
(публикација)

За повеќе информации, контактирајте со: Моник Трнер, SKF Group Communications, +1 267 436 6836; +1 215 801 8722 monique.turner@skf.com

SKF е водечки глобален снабдувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги во кои спаѓаат техничка поддршка, услуги за одржување и надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2012 година изнесуваше 64.575 милиони шведски круни, а бројот на вработените изнесуваше 46.775. www.skf.com

® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.
™ BeyondZero е заштитен знак на SKF Group.



SKF logo