SKF Blohm + Voss Industries претставува нова генерација заптивни прстени

  • Сторија

    2013 декември 03, 11:00 CET

    Благодарение на новиот дизајн и новата мешавина од еластомер, новиот заптивен прстен ги задоволува сè поголемите потреби на поморската индустрија и ги исполнува условите на VGP 2013 (Vessel General Permit, општа дозвола за пловни објекти).

    Гетеборг, Шведска, 3 декември 2013 година: SKF Blohm + Voss Industries го претставува прстенот SC3 – заптивниот прстен од нова генерација наменет за заптивките SIMPLEX-COMPACT за цевки во бродска крма. Благодарение на неговиот нов облик, прстенот функционира надежно и останува стабилен во сè поекстремни услови, како што се повисоките варијации во притисокот.

    Колку е поголема разликата во трупот, толку е поголем притисокот
    „Потребите во бродоградбата стануваат сè поголеми. На пример, товарниот капацитет на контејнерските бродови се зголеми за три пати во последниве 20 години“, вели Матијас Руш, директор за компоненти на вратила во SKF Blohm + Voss Industries. „Поради разликите во бродскиот труп поврзани со зголемениот товарен капацитет, се јавува потреба за подобри перформанси на заптивката. Колку е поголема разликата во трупот, толку повеќе ќе варира притисокот врз прстенот“.

    Благодарение на неговиот нов облик, прстенот SC3 има подобрена способност за справување со таквите разлики во притисокот. Сега прстенот има пократка усна што дозволува да се намали просторот оптоварен со притисок. Благодарение на самоподесливата прстенеста пружина, прстенот има подобра способност да се приспособува на притисокот. Овие две промени придонесуваат за намалување на триењето и генерираната топлина што дејствуваат врз прстенот, без да се ограничи ефикасноста на прстенот. Меѓу другите нови карактеристики се и џебовите за подмачкување вградени во прстенот. Тие обезбедуваат поголема количина масло во заптивната празнина, што резултира со ефект на ладење, подобрени триболошки перформанси во заптивната празнина и забавување на процесот на стареење. Забавениот процес на стареење на заптивниот прстен овозможува подолги интервали на закотвување. Ова е уште една дополнителна мерка што го намалува влијанието врз животната средина – бидејќи ја намалува количината на средства за подмачкување што треба да се замени.

    Исполнувањето на условите на VGP е можно
    Во согласност со VGP 2013 (Vessel General Permit, општа дозвола за пловни објекти) која стапува на сила на 19 декември 2013 г., повеќето пловни објекти долги над 24 метри што пловат во територијалните води на САД ќе мора да го исполнуваат условот за користење на таканаречените Еколошки прифатливи течности (EAL, Environmentally Acceptable Liquids) во меѓусклоповите од кои може да се испушта масло во морската вода. SKF Blohm + Voss Industries разви специјална мешавина од еластомер за прстенот SC3 што овозможува да функционира без проблеми со повеќето средства за подмачкување што се усогласени со директивата EAL. Меѓутоа, претходните мешавини од еластомер сè уште се достапни во новиот облик на прстенот SC3.

    Уште посилен партнер за поморската индустрија
    На почетокот на 2013 година, SKF ја презема Blohm + Voss Industries (BVI), германски производител на бродски компоненти. Со ова преземање SKF има намера да го зголеми своето портфолио со производи за поморската индустрија. Покрај тоа, SKF го проширува својот пристап до пазарот со помош на светската водечка мрежа од партнери на BVI за сервисирање и продажба. Клиентите ќе ги почувствуваат придобивките од експертизата на SKF како компанија со инженерско знаење, комбинирана со фокусираноста на BVI кон бродоградбата и бродските операции. Новата заедничка организација ќе биде уште посилен партнер за поморската индустрија, обезбедувајќи важни компоненти и брзи и надежни услуги, но и развивајќи нови апликации за справување со идните предизвици во постојано променливата околина на оваа индустрија.


    www.skf.com/marine
    www.bv-industries.com


    Aktiebolaget SKF
    (публикација)

    За повеќе информации, контактирајте со:
    Односи со новинари: Ниа Килстром, +46 31-337 2897; +46 706 67 28 97; nia.kihlstrom@skf.com
    SKF Blohm + Voss Industries GmbH, шеф на корпоративни комуникации: Малте Бломбах, +49 40 3011-1133, +49 174 3132649, malte.blombach@bv-industries.com

    SKF е водечки глобален снабдувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги во кои спаѓаат техничка поддршка, услуги за одржување и надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2012 година изнесуваше 64.575 милиони шведски круни, а бројот на вработените изнесуваше 46.775. www.skf.com

    ® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.


  • Слика

Преземете го промотивниот материјал за медиуми

Промотивен материјал за медиуми (4.6 MB)

SKF logo