SKF ги надградува термовизиските камери за да го подобри следењето на состојбата

  • Сторија
    Термовизиска камера на SKF
    Термовизиска камера на SKF
    Термовизиска камера на SKF

    2013 декември 16, 13:00 CET

    SKF промовираше две нови термовизиски камери, TKTI 21 и TKTI 31, како исплатливи средства за подобрување на ефикасноста и безбедноста на одржувањето

    Гетеборг, Шведска, 16 декември, 2013 година: SKF промовираше две надградени термовизиски камери што ги намалуваат трошоците и ја зголемуваат ефикасноста со тоа што им овозможуваат на инженерите да ги откриваат потенцијалните проблеми пред да се појават. Термовизиските камери TKTI 21 и TKTI 31 на SKF може да се користат во голем број апликации за да ги забележуваат невообичаените топлински шаблони што укажуваат на проблеми со машините, овозможувајќи брзо превентивно одржување со цел намалување на загубите во производството како резултат на непланиран застој. Помагајќи да се зголеми достапноста и надежноста на фабриките, термовизиските камери на SKF ќе придонесат за значително враќање на инвестицијата кога ќе се користат како дел од програмата за проактивно одржување.

    „Термовизиските камери се користат често во прехранбената индустрија за откривање пумпи што прегреваат, а тоа не само што помага во планирањето на одржувањето, туку и во намалувањето на количината на расипани производи“, вели Жулиен Муние, развој на производи на SKF.

    Термовизиската камера TKTI 31 што ја заменува TKTI 30, беше надградена со термален детектор што има 40 % повеќе пиксели. Со детектор со 380x280 пиксели, моделот TKTI 31 има пониска цена од повеќето останати брендови што нудат стандарден детектор 320x240. Во меѓувреме, новата TKTI21 е значително поевтина од нејзиниот претходник и е една од термовизиските камери со најдобра цена и опременост на пазарот, со резолуција од 160x120.

    Термовизиските камери на SKF ги задоволуваат потребите на инженерите за следење на состојба нудејќи погодни средства за испитување на опремата што работи под целосно оптоварување, на тој начин намалувајќи ги пречките во производството.

    Камерите им помагаат на инженерите да ги избегнат и безбедносните проблеми при испитувањето на електрична опрема што е вклучена или тешко пристапна. Термовизиските камери на SKF имаат софтвер за анализа и известување за термалните слики што е лесен за користење и дизајниран со помош на вистински корисници. За разлика од многу други слични производи, деталните анализи на сликите и професионалните извештаи може да се генерираат лесно и брзо и да се споделуваат со други лица во форматите PDF или MS Word со само еден клик. 


    Aktiebolaget SKF
    (публикација)

    За повеќе информации, контактирајте со: Ниа Килстром, SKF Group Communication, +46 31-337 2897; +46 706 67 28 97; nia.kihlstrom@skf.com

    SKF е водечки глобален снабдувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги во кои спаѓаат техничка поддршка, услуги за одржување и надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2012 година изнесуваше 64.575 милиони шведски круни, а бројот на вработените изнесуваше 46.775. www.skf.com

    ® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.



  • Слика

Преземете го промотивниот материјал за медиуми

Промотивен материјал за медиуми (1.6 MB)

SKF logo