SKF ја доби наградата „Одличен квалитет“ од Tesla Motors за извонредната изведба

2013 декември 18, 13:00 CET

Гетеборг, Шведска, 18 декември 2013 година: SKF ја доби наградата „Одличен квалитет“ од Tesla Motors што им се доделува на трите најдобри добавувачи со извонредна изведба во областите квалитет, испорака и опслужување на клиентите. 

SKF соработуваше со Tesla уште кога тие го промовираа нивниот прв спортски автомобил без издувни гасови Tesla Roadster во 2008 година. Најновиот договор опфаќа испорака на енергетски ефикасни радијални топчести лежишта на SKF и лесни хибридни (керамички) лежишта за електромоторот и менувачката кутија во нивниот целосно електричен луксузен спортски автомобил Tesla Model S.

Тригве Стен, претседател на SKF Automotive вели „Навистина го цениме ова признание од Tesla за добавувач со одличен квалитет. Работевме во партнерство со Tesla уште од промоцијата на нивниот прв спортски автомобил Tesla Roadster, со цел да поттикнуваме иновации за електричните автомобили со високи перформанси. Фокусираноста на SKF кон одржливоста и инженерството оди рака под рака со фокусираноста на Tesla кон високиот квалитет на енергетски ефикасните електрични автомобили. Сигурен сум дека нашите комбинирани инженерски вештини ќе резултираат со голем број одлични решенија во иднина“.

„SKF одговара на нашите потреби на брз и ефикасен начин. Решенијата ги исполнија нашите високи очекувања, а нашата соработка е цврста и стабилна. Напредната инженерска експертиза на SKF е навистина важна за нас. Очекуваме од SKF да нè поддржи во нашата цел да произведуваме енергетски ефикасни, целосно електрични луксузни автомобили со високи перформанси и пристапни цени“, вели Петер Карлсон, потпретседател на одделот за набавки во Tesla Motors.

Решенијата на SKF се дизајнирани да ги исполнат строгите услови на апликациите за возилото Model S како што се брзината, температурата, животниот век, триењето и масата.

Aktiebolaget SKF
(публикација)



За повеќе информации, контактирајте со:
Телефон за медиуми: +46 31 337 2400
Односи со новинари: Ребека Јанзон, +46 31-337 3880; +46 727-173 880; rebecca.janzon@skf.com
Односи со инвеститори: Марита Бјорк, +46 31-337 1994; +46 705-181 994; marita.bjork@skf.com


SKF е водечки глобален снабдувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги во кои спаѓаат техничка поддршка, услуги за одржување и надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2012 година изнесуваше 64.575 милиони шведски круни, а бројот на вработените изнесуваше 46.775. www.skf.com

® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.



SKF logo