Влијанието врз претстојниот резултат на SKF во четвртото тромесечје од 2013 година

2013 декември 20, 08:15 CET

Гетеборг, Шведска, 20 декември 2013 година: SKF информира за влијанието врз претстојниот резултат на SKF во четвртото тромесечје од 2013 година. 

Истрага на Европската комисија
Согласно претходното известување, Европската комисија истражува можни прекршувања на Европскиот закон за конкуренција од страна на одредени производители на лежишта, во врска со снабдувањето лежишта за индустријата за производство на моторни возила во Европа. Во текот на оваа постапка, Комисијата ги посети канцелариите на SKF во Шведска и во Германија во ноември, 2011 година.

SKF соработуваше со Комисијата целосно и спроведе сопствена истрага. Врз основа на ова, како и на приближната процена на SKF за можниот износ на парична казна, SKF ќе земе покритие од 3 милијарди шведски круни од својот резултат во четвртото тромесечје. SKF смета дека Комисијата може да изрече парична казна за SKF во 2014 година.

„Длабоко жалам што се случи ова. Иако сметаме дека со ова не е предизвикана каква било штета на нашите деловни клиенти, ова не требаше да се случи и истото воопшто не е во согласност со вредностите што ги имаме во SKF. Имаме јасен кодекс на однесување и добро воспоставена програма за усогласеност, која ја применуваме во рамки на целата Групација, но тоа не спречи да се случи ова. Оттогаш преземавме дополнителни мерки за интензивирање на обуката и знаењето во Групацијата во врска со ова“ вели Том Џонстон, претседател и главен извршен директор. „Претходно известивме дека веројатната парична казна ќе има материјално влијание врз нашиот резултат и готовински промет, а нашата најдобра проценка за можната казна ја вклучивме во резултатот“.

Влијанието од преземањето на Kaydon
Остварените продажби на Kaydon во четвртото тромесечје изнесуваат околу 750 милиони шведски круни. Врз оперативните резултати ќе влијаат околу 250 милиони шведски круни поради амортизацијата на ревалвацијата на резервите до фер вредност и други трошоци од преземањето, што ќе резултира со оперативна загуба од околу 150 милиони шведски круни.
Во 2014 година, Kaydon се очекува да работи со приближна целна добивка во работењето како онаа на Групацијата, вклучувајќи ја амортизацијата на средствата идентификувана во распределбите за куповна цена.
Информации во врска со прелиминарната распределба за куповна цена на Kaydon Corporation се достапни на веб-локацијата на SKF: investors.skf.com

Други еднократни ставки
SKF очекува да има дополнителен еднократен трошок во четвртото тромесечје од околу 100 милиони шведски круни, а околу половина од овој трошок ќе биде за тековната програма за преструктуирање.


Развој на продажбата во четвртото тромесечје

Продажбата во четвртото тромесечје е во согласност со очекувањата за деветмесечните резултати, но разнообразноста на продажбата беше неповолна. Ова, заедно со нешто помалото производство од планираното, се очекува да има одредено негативно влијание врз резултатот од ова тромесечје во споредба со претходното тромесечје.

Годишниот извештај на SKF за 2013 година ќе се објави на 28 јануари (вторник) 2014 година.


Конференциски повик
20 декември во 9.00 часот (средноевропско време), 8.00 (Обединето Кралство)
Шведска: +46 (0)8 505 564 74
Обединето Кралство: +44 (0)203 364 5374


Aktiebolaget SKF
(публикација)

Согласно Законот за пазари на хартии од вредност и/или Законот за тргување со финансиски инструменти, AB SKF е должна да ги објави информациите наведени овде. Информациите беа поднесени за објавување во 8.15 часот на 20 декември 2013 г.



За повеќе информации, контактирајте со:
Комуникација со групацијата: Ингалил Остман, +46 31-337 3260; +46 706-973 260; ingalill.ostman@skf.com
Односи со инвеститори: Марита Бјорк, +46 31-337 1994; +46 705-181 994; marita.bjork@skf.com


SKF е водечки глобален снабдувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги во кои спаѓаат техничка поддршка, услуги за одржување и надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2012 година изнесуваше 64.575 милиони шведски круни, а бројот на вработени изнесуваше 46.775. www.skf.com 

® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.

SKF logo