SKF склучи договор во вредност од 370 милиони шведски круни со Hyundai Motors

  • Сторија

    2014 јануари 13, 10:00 CET


    Гетеборг, 13 јануари, 2014 година: Hyundai Motors го избра SKF за добавувач на услуги во вредност од околу 370 милиони шведски круни. Во согласност со условите од договорот, SKF ќе ја испорачува неодамна промовираната робусна единица со лежиште за амортизери MacPherson (MSBU). Со овие решенија ќе се опремуваат возилата Hyundai и Kia, односно моделите Ceed, Forte, Soul, i30, Sonata, K5, i40, Grandeur, K7, Santa Fe и Sorento. Соработката се очекува да трае колку и животниот век на секој од овие модели на возила.

    Тригве Стен, претседател на SKF Automotive вели „Ми претставува задоволство што нашето партнерство со Hyundai се проширува и со примената во областите на управување и амортизација, со помош на нашите неодамна промовирани робусни решенија. Нашето инженерско знаење ги поддржува нашите клиенти во нивната намера за подобрување на перформансите на нивните возила. Ни претставува чест што го добивме ова признание од Hyundai и со нетрпение очекувам партнерството постојано да расте“.

    Бјеонг-Џун Ким, директор за набавки на Hyundai Motors вели, „Благодарение на соработката со SKF, знаеме дека ќе ги добиеме напредните решенија со високи перформанси што ни се потребни за нашите возила да го достигнат врвот. Hyundai оствари извонреден раст во изминатите неколку години на глобално ниво и знаеме дека глобалната инженерска и производствена инфраструктура на SKF претставува исклучително вредна поддршка за нашиот постојан раст. Со задоволство ќе соработуваме со SKF бидејќи нивната навремена и квалификувана поддршка е во наша близина, во Кореја, но и со нетрпение го очекуваме постојаниот раст со помош на SKF“.

    Новата робусна единица MSBU ги задоволува барањата за подобрени перформанси со цел поголема надежност и зголемен работен век. Моделите на автомобили наменети за глобалниот пазар мора да издржуваат различни надворешни сили во различни услови на возење. Оваа единица може да издржи високо оптоварување и големо загадување, нудејќи подобрена надежност.

    SKF започна да ги испорачува единиците MSBU во текот на 2013 г. од својата фабрика во Бусан, Кореја.


    Aktiebolaget SKF
    (публикација)


    За повеќе информации, контактирајте со:
    Телефон за медиуми: +46 31 337 2400
    Односи со новинари: Ребека Јанзон, +46 31-337 3880; +46 727-173 880; rebecca.janzon@skf.com
    Односи со инвеститори: Марита Бјорк, +46 31-337 1994; +46 705-181 994; marita.bjork@skf.com


    SKF е водечки глобален добавувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги во кои спаѓаат техничка поддршка, услуги за одржување и надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2012 година изнесуваше 64.757 милиони шведски круни, а бројот на вработени изнесуваше 46.775. www.skf.com

    ® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.



  • Слика

Преземете го промотивниот материјал за медиуми

Промотивен материјал за медиуми (6.8 MB)

SKF logo