ArcelorMittal Bremen нарача приспособени електромеханички актуатори од SKF

  • Сторија

    2014 јануари 16, 09:00 CET

    Гетеборг, Шведска, 16 јануари 2014 година: ArcelorMittal Bremen GmbH ја избра SKF да приспособи и обезбеди 30 електромеханички актуатори за употреба во континуираното леење челик. Нарачката е една од најголемите нарачки за мехатроничко решение што SKF Германија ја има добиено досега од клиент во индустријата за метали.

    Карстен Фауст, директор на сегментот Индустриски пазар на SKF, Регионална продажба и услуги за Северна Европа, додаде „Имаме соработувано со ArcelorMittal на голем број успешни проекти за нашите платформи за лежишта и услуги, па ни претставува задоволство што ја имаме оваа можност да ја покажеме вредноста што можат да ја обезбедат нашите мехатронички решенија“.

    Карстен Алберс, проектен менаџер на ArcelorMittal Bremen изјави „Ни требаше исклучително компактно решение што би ни овозможило прецизност и стабилност во приспособувањето на ширината на произведениот челик. Избравме да работиме со SKF на овој проект бидејќи компанијата има солидно техничко знаење и ја разбира нашата работа и примената“.

    Актуаторот е вид на мотор за движење или контролирање на механизам или систем. Актуаторите користени во операцијата за приспособување калапи со тесно лице во континуираното леење челик мора да работат ефикасно и покрај тоа што работат во екстремно жешка и неповолна околина. Електромеханичките актуатори на SKF нудат флексибилно, а сепак стабилно решение.

    Aktiebolaget SKF
    (публикација)



    За повеќе информации, контактирајте со:
    Телефон за медиуми: +46 31 337 2400
    Односи со новинари: Ребека Јанзон, +46 31-337 3880; +46 727-173 880; rebecca.janzon@skf.com
    Односи со инвеститори: Марита Бјорк, +46 31-337 1994; +46 705-181 994; marita.bjork@skf.com


    SKF е водечки глобален снабдувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги во кои спаѓаат техничка поддршка, услуги за одржување и стабилност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2012 година изнесуваше 64.575 милиони шведски круни, а бројот на вработените изнесуваше 46.775. www.skf.com

    ® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.

  • Слика

Преземете го промотивниот материјал за медиуми

Промотивен материјал за медиуми (1.1 MB)

SKF logo