Единиците со компактни конусни лежишта на SKF помагаат да се намалат трошоците за животен циклус на фабриката за склопување товарни вагони во Тиквин, Русија

  • Сторија
    Barber S-2-R подвижна платформа на товарниот вагон со оскино оптоварување од 25 тона, опремена со лежиште CTBU на SKF
    Barber S-2-R подвижна платформа на товарниот вагон со оскино оптоварување од 25 тона, опремена со лежиште CTBU на SKF

    2014 јануари 20, 13:00 CET

    Гетеборг, 20 јануари, 2014 година: SKF прими голема нарачка за единици со компактни конусни лежишта (CTBU) од рускиот иновативен производител на товарни вагони, фабриката за склопување товарни вагони во Тиквин (TVSZ), филијала на United Wagon Company (LLC „UWC“).

    Во 2014 година, производствениот објект SKF Tver во Русија ќе произведе повеќе од 40.000 CTBU единици за лежишта за осовини за товарните вагони TVSZ со оскино оптоварување од 25 тони. Согласно договорот за соработка, SKF ќе обезбеди техничка поддршка за TVSZ, познат како иновациски лидер во дизајнот на руски товарни вагони.

    Единиците CTBU на SKF помагаат за значително зголемување на надежноста и ги продолжуваат интервалите на одржување. Овој договор претставува потврда за статусот на SKF како водечки производител на лежишта за осовини на товарни вагони. Со притисокот врз железниците да ги зголемат надежноста и оперативното време на вагоните, клучна придобивка за производителите на оригинална опрема е тоа што единиците CTBU на SKF ги намалуваат дефектите како резултат на прегревање на оската, бидејќи работат на пониска работна температура отколку другите решенија.

    TVSZ е во процес на зголемување на производството на нова генерација товарни вагони и бара стабилни партнери што ќе ги снабдуваат компонентите. Единиците CTBU на SKF ја задоволија потребата на TVSZ за испорака на големо количество висококвалитетни лежишта по конкурентна цена. Како резултат на тоа, SKF стана клучниот снабдувач на единици CTBU за новата генерација товарни вагони што ги произведува TVSZ.

    „Ова е важна стратешка нарачка за фабриката SKF Tver“, изјави Рутгер Бардал, директор на сегментот за железници и механизациони машини на SKF. „Фабриката ќе го развива клучното партнерство на SKF со иновациски производител на оригинална опрема во Русија и пред сè ќе помогне во развивањето на товарни вагони со подолги интервали на одржување, што работат побезбедно и имаат повисоки перформанси“.

    Како признание за неговиот придонес за руската железничка индустрија, SKF Tver доби престижна награда од JSC Russian Railways на Меѓународната конференција организирана од непрофитното партнерство „Унија на индустрии за железничка опрема” во Москва во текот на ноември 2013 година. Лежиштата CTBU на SKF ја добија наградата за највисок квалитет во категоријата Компоненти за железнички возен парк и инфраструктура.

    Aktiebolaget SKF
    (публикација)

    За повеќе информации, контактирајте со: Односи со новинари: Моник Тарнер, +1 267 436 6836, +1 215 801 8722, Monique.Turner@skf.com

    SKF е водечки глобален добавувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги како што се техничка поддршка, услуги за одржување и надежност, инженерско советување и обука. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2012 година изнесуваше 64.575 милиони шведски круни, а бројот на вработените изнесуваше 46.775. www.skf.com

    ® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.
    ™ BeyondZero е заштитен знак на SKF Group.

  • Слика

Преземете го промотивниот материјал за медиуми

SKF logo