SKF ќе инвестира во два нови Глобални технички центри во Европа

2014 јануари 20, 13:00 CET

Со новите центри, SKF сега има вкупно четири Глобални технички центри во светот

Гетеборг, Шведска, 20 јануари 2014 година: Како дел од заложбата за натамошно зголемување на својата инвестиција во истражување и развој, SKF најави планови за изградба на два нови Глобални технички центри - еден во Гетеборг, Шведска и еден во Нивахен, Холандија. Овие два центри заедно ќе ја формираат структурата Глобален технички центар Европа (GTCE) и ќе му овозможат на SKF целосно да ја користи својата глобална инфраструктура и ресурси за да развива иновации во своите пет технолошки платформи - лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги. SKF веќе има Глобален технички центар во Индија (GTCI) во Бенгалуру и го проширува својот Глобален технички центар во Кина и го преместува во новиот кампус во Џијадинг, Шангај.

„Една од движечките сили на SKF е да продолжи да обезбедува истражување и иновации што се водечки на светско ниво и да развива нови производи и решенија што им нудат значителни заштеди на енергија на клиентите. Овие два нови центри се дел од глобалната мрежа на технички центри што ја развива Групацијата“ вели Том Џонстон, претседател и главен извршен директор на SKF. Понатаму, тој вели „Во последниве четири години SKF го удвои бројот на поднесоци за патенти, што покажува дека нашите зголемени инвестиции во истражувањето и развојот даваат резултати. Отворањето на овие центри ја зацврстува нашата посветеност да ја зголемиме инвестицијата во истражувањето и развојот и да ја приближиме уште повеќе до нашите клиенти“.

Двата нови центри во рамките на GTCE се дел од технолошката стратегија на SKF за развој на нејзините глобални производи и инженерска организираност. Новиот Глобален технички центар во Гетеборг ќе соработува со Центарот за развој на производство на SKF (MDC), како главен центар за развој на производството на Групацијата. Новиот центар во Нивахен ќе соработува со главниот Центар за инженерство и истражување на SKF (ERC) каде SKF врши врвни истражувања во области како што се напредни динамички симулации за лежишта, развој на напредно подмачкување и принципи на трибологијата.

Алан Бег, висок потпретседател на сегментот за технологија и развој на групацијата SKF објаснува, „GTCE ќе користи синергии со другите глобални технички центри и ќе се фокусира на области како што се развој на напредни производи, управување со технички податоци и тестирање. Според пресметките, за целосен капацитет ќе треба да вработиме повеќе од 100 нови инженери во Нивахен и околу 50 инженери во Гетеборг. Тие ќе работат во областите за инженерство и развој на производи, како и за тестирање на металургија, хемија и анализа на перформансите на лежиштата“. 

Aktiebolaget SKF
(публикација)


За повеќе информации, контактирајте со:
Телефон за медиуми: +46 31 337 2400
Односи со новинари: Ребека Јанзон, +46 31-337 3880; +46 727-173 880; rebecca.janzon@skf.com
Односи со инвеститори: Марита Бјорк, +46 31-337 1994; +46 705-181 994; marita.bjork@skf.com


SKF е водечки глобален добавувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги во кои спаѓаат техничка поддршка, услуги за одржување и надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2012 година изнесуваше 64.575 милиони шведски круни, а бројот на вработените изнесуваше 46.775. www.skf.com

® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.



SKF logo