SKF ја доби Наградата за извонреден снабдувач од Geely

2014 февруари 12, 13:00 CET

Гетеборг, Шведска, 12 февруари 2014 година: SKF ја доби Наградата за извонреден снабдувач од Geely откако со одлични резултати исполни повеќе критериуми за перформанси поставени од Geely. Во критериумите спаѓаат перформансите на производите, квалитетот и техничките услови.

Улрих Селиг, директор на азискиот оддел на SKF Automotive вели „Geely и SKF имаат тесна и ефективна соработка. Ни претставува задоволство и чест што ја добивме оваа награда. Со оваа награда се потврдува нашата посветеност кон деловната извонредност, обезбедувајќи ја вистинската поддршка, со вистинските решенија и во вистинското време. Горди сме што ќе соработуваме со Geely и со нетрпение ги очекуваме нашите идни проекти за развој“.

„SKF ги исполнува нашите високи очекувања како претпочитан инженерски партнер. Со оваа награда се потврдува извонредноста на SKF во обезбедувањето на потребната поддршка за решенијата со високи перформанси што ни се потребни, како и во обезбедувањето на квалитетот што го бараме“, вели Шаокван Жао, директор за набавки на Geely Automotive.

SKF е партнер на Geely од 2012 година.

Aktiebolaget SKF
(публикација)

За повеќе информации, контактирајте со: Односи со новинари: Ребека Јанзон, +46 31-337 3880; +46 727-173 880; rebecca.janzon@skf.com

SKF е водечки глобален добавувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги во кои спаѓаат техничка поддршка, услуги за одржување и надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2013 година изнесуваше 63.597 милиони шведски круни, а бројот на вработените изнесуваше 48.401. www.skf.com

® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.



SKF logo