SKF прославува 10 години потврдени заштеди за клиентите

  • Сторија

    2014 февруари 20, 10:30 CET

    Клиентите потврдуваат заштеди од преку 4 милијарди шведски круни во текот на 2013 година и повеќе од 27 милијарди шведски круни откако започна програмата Документирани решенија (Documented Solutions Programme) на SKF

    Гетеборг, Шведска, 20 февруари 2014 година: SKF ги прославува првите 10 години од почетокот на нејзината програма Документирани решенија (DSP, Documented Solutions Programme) што компанијата ја користи за мерење на монетарната вредност на потврдените заштеди што можат да ги остварат нејзините клиенти користејќи ги решенијата на SKF.

    Пред 10 години, SKF ја воведе програмата за на своите клиенти да им ја прикаже (измерена) вредноста што им ја обезбедува. SKF собира и поставува информации за одредена апликација на клиентот во системот DSP, со што SKF има способност на тој клиент да му обезбеди конечен број за предвидување на вкупните пресметани заштеди што клиентот може да ги оствари користејќи ги решенијата на SKF. Потоа, клиентот го потврдува овој број кога всушност ќе ги постигне тие предвидени заштеди.

    Вартан Вартанијан, претседател на SKF Industrial Market, Регионална продажба и услуги, изјави „DSP им овозможува на клиентите да ја видат вистинската слика. Им ја покажува вкупната вредност што производот или услугата на SKF ќе ја обезбеди за нивната компанија, наместо само да ја гледаат почетната цена за купувањето на решението“.

    SKF им помага на своите клиенти да штедат на повеќе начини ‒ на пример, користејќи решенија што траат подолго, што се повеќе енергетски ефикасни или што го намалуваат застојот на машините. Клиентите потврдија дека SKF преку DSP им заштедила повеќе од 4 милијарди шведски круни во текот на 2013 година.

    Еден од овие клиенти, ArcelorMittal, потврди заштеди од 17,7 милиони шведски круни за минатата година. SKF ја искористи DSP за да ѝ покаже на мултинационалната компанија за челик дека може да оствари значителни заштеди вршејќи репарација на стари лежишта, но и значително да го намали времето на застој доколку чува резерви од лежишта за замена. Намалувањето на трошоците за одржување и за нови лежишта, како и зголемувањето на надежноста на опремата значеше дека ArcelorMittal оствари враќање на инвестицијата од преку 1500%.

    „Случаите од програмата DSP на SKF ни помогнаа да ги процениме придобивките од донесувањето одредени оперативни одлуки, како што се промените во потрошувачката/количините и подобрената оперативна ефикасност“, коментираше Фредерик Лурм, одговорен за глобални набавки во ArcelorMittal.

    Од почетокот на програмата DSP, заштедите потврдени од клиентите на SKF изнесуваат повеќе од 27 милијарди шведски круни.

    Aktiebolaget SKF
    (публикација)


    За повеќе информации, контактирајте со:
    Телефон за медиуми: +46 31 337 2400
    Односи со новинари: Ребека Јанзон, +46 31-337 3880; +46 727-173 880; rebecca.janzon@skf.com
    Односи со инвеститори: Марита Бјорк, +46 31-337 1994; +46 705-181 994; marita.bjork@skf.com


    SKF е водечки глобален добавувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги во кои спаѓаат техничка поддршка, услуги за одржување и надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2013 година изнесуваше 63.597 милиони шведски круни, а бројот на вработените изнесуваше 48.401. www.skf.com

    ® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.

  • Слика

Преземете го промотивниот материјал за медиуми

Промотивен материјал за медиуми (5.5 MB)

SKF logo