SKF ја доби Наградата за извонреден квалитет од Volvo Cars

  • Сторија
    Награда за извонреден квалитет од Volvo Cars
    Награда за извонреден квалитет од Volvo Cars

    2014 јануари 21, 10:00 CET

    Гетеборг, Шведска, 21 јануари 2014 година: SKF доби сертификат за извонреден квалитет (VQE) од Volvo Cars. Со тоа, SKF ги достигна највисоките оцени за квалитет во области како што се квалитет на производи, прецизност во снабдувањето, логистика и ефикасни системи за квалитет.

    Тригве Стен, претседател на SKF Automotive вели, „Квалитетот е задолжителен во сите области на нашето работење; тој е клучен дел од нашиот начин на работа со деловна извонредност. Ни претставува големо задоволство што го добивме ова признание за нашата изведба во исполнувањето на високите барања на нашите клиенти. Оваа награда е едно од највисоките признанија што може да ги добиеме и потврдува дека ги исполнуваме нашите ветувања, а тоа нашите клиенти знаат да го ценат“.

    SKF е партнер на Volvo Cars уште откако SKF го основаше Volvo во 1927 година. Патувањето започна со првиот модел на возило со неформален назив Џејкоб, опремено со лежиште од SKF наречено VOLVO. Денес, Volvo Cars произведува модели на возила од високата класа, фокусирани на безбедноста и високите перформанси, опремени со оптимизирани решенија од SKF. Volvo Cars ја востанови наградата VQE во 2012 година.

    Aktiebolaget SKF
    (публикација)

    За повеќе информации, контактирајте со: Односи со новинари: Моник Тарнер, +1 215-801 8722; +1 267 436 6836; monique.turner@skf.com

    SKF е водечки глобален добавувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги во кои спаѓаат техничка поддршка, услуги за одржување и надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2012 година изнесуваше 64.575 милиони шведски круни, а бројот на вработените изнесуваше 46.775. www.skf.com

    ® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.
    ™ BeyondZero е заштитен знак на SKF Group.

  • Слика

Преземете го промотивниот материјал за медиуми

Промотивен материјал за медиуми (1.7 MB)

SKF logo