SKF ќе претстави целосни решенија за заптивки за намалување на трошоците на IFPE

2014 февруари 25, 14:00 CET

Гетеборг, Шведска, 25 февруари 2014 година: На саемот IFPE (Меѓународен саем за хидромеханика) 2014, SKF ќе покаже како неговото знаење и експертиза во развивањето решенија за заптивки ќе ја зголеми ефикасноста на системите и ќе им заштеди пари на клиентите. 

Меѓу иновациите што ќе ги претстави SKF ќе бидат и повеќе решенија за индустријата за хидромеханика. Ќе се користи анимација за да се прикажат комплексните хидраулични системи на ровокопач што постојано работат во сите услови, придвижувани од хидрауличната пумпа, а ќе се истакнат и различните конфигурации на лежишта и ќе се претстави решение за заптивки од патентирани материјали на SKF.

Со експонатите на штандот ќе се покаже и како SKF се справи со проблемот на Brevini Fluid Power, намалувајќи го големиот број на прерани дефекти на заптивките со помош на новото решение за заптивки на SKF. Посетителите на штандот на SKF можат да ги видат и четирите нови заптивки од асортиманот на SKF за хидромеханички системи, односно за хидраулични цилиндри; три нови заптивки за клипови произведени од патентирани материјали на SKF и новата заптивка за клипњача S1S, како „најдобра во класата“. Дополнително, при претставувањето на ротациониот хидрауличен регулатор ќе се прикаже како суштинските хидраулични кола што го напојуваат ротационото движење на машината можат да се заштитат со решенијата за заптивки на SKF.

SKF соединува уникатни технологии за производство на машински обработени и лиени заптивки според потребите на клиентите. Без разлика дали станува збор за проект за развој или за решавање на конкретен проблем на клиентот, способноста на SKF за флексибилно и брзо производство на мали или големи количини заптивки на клиентите им нуди стабилен партнер за решенија за заптивки кој може да им обезбеди поддршка низ целиот животен циклус на нивната опрема.

Саемот IFPE што годинава се одржува од 4 до 8 март во Лас Вегас, Невада, САД, е водечкиот меѓународен саем и техничка конференција посветена на интеграцијата на хидромеханиката со другите технологии за пренос на снага и со апликациите за контрола на движење. На саемот што се одржува на секои три години се изложуваат најновите иновации и експертиза. 

Посетителите на IFPE може да го најдат SKF на штандот 81555, каде ќе се сретнат со експерти на SKF од САД и пошироко. SKF ќе учествува и на CONEXPO-CON/AGG што се одржува на истите датуми, на штандот 11621, каде ќе претставуваме решенија за рударската индустрија и за индустријата за механизациони машини.


Aktiebolaget SKF
(публ.)

За повеќе информации, контактирајте со: Односи со новинари: Ниа Килстром, +46 31-337 2897; +46 706 67 28 97; nia.kihlstrom@skf.com

SKF е водечки глобален добавувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги во кои спаѓаат техничка поддршка, услуги за одржување и надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2013 година изнесуваше 63.597 милиони шведски круни, а бројот на вработените изнесуваше 48.401. www.skf.com

® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.
™ BeyondZero е заштитен знак на SKF Group.

SKF logo