SKF ќе презентира решенија фокусирани на примени на саемот ConExpo-Con/Agg

2014 февруари 25, 14:00 CET

Гетеборг, 25 февруари 2014 година: На саемот ConExpo-Con/Agg 2014, SKF ќе претстави иновации на производи и решенија за апликации, дизајнирани за подобрување на ефикасноста, надежноста и перформансите на опремата за градежништво и рударство.

Производите ќе бидат изложени во контекст на машината на која би се користеле вообичаено, за посетителите да можат да се фокусираат на конкретните типови опрема. Ќе се истакнат клучните примени на производите за ровокопачи, за машини за пробивање тунели и транспортни ленти, претставувајќи решенија со производи брендирани од SKF и Lincoln за конкретни апликации. Друга опрема што ќе биде во фокусот се валјаци, булдожери и дампери. Експертите ќе бидат на располагање за да дискутираат за придобивките од овие решенија, користејќи демонстрации на производи, студии на случаи и презентации.

Глобалната инженерска експертиза на SKF и познавањето на пазарот за опрема за градежништво и рударство се комбинирани со стратешки производи што обезбедуваат специјализирани решенија за предизвиците со кои се соочуваат производителите на оригинална опрема за индустријата. Овие решенија за производи се дизајнирани за зголемување на продуктивноста и за намалување на вкупниот трошок за работењето, што може да се постигне со подобрена надежност, зголемена ефикасност на горивото, намалено влијание врз животната средина и зголемена безбедност на корисниците.

SKF ќе ги претстави следниве нови производи на саемот ConExpo-Con/Agg:

Хидрауличната пумпа за континуирано подмачкување Lincoln HTL 201US
Пумпата HTL 201US беше дизајнирана за намалување на триењето и абењето на малите и средни хидраулични чекани од 295 kg. Погодна за дополнителни хидраулични приклучоци вклучително и шепи, ножици и мини-ровокопачи, оваа компактна пумпа може да се монтира директно на приклучокот за да врши постојано подмачкување додека работи уредот.

Серија SKF TLMR - автоматски диспанзери на средство за подмачкување
Развиена за примена во машините од тешката индустрија, серијата TLMR од автоматски диспанзери на средство за подмачкување е идеална за подмачкување опасни точки или точки до кои е отежнат пристапот. Подмачкувачите се отпорни на вода, прашина и вибрации и работат стабилно во услови на екстремно високи или ниски температури.

Хидрауличен мотор Lincoln PowerMaster
Хидрауличниот мотор PowerMaster дизајниран за употреба со цевки за пумпи PowerMaster III и PileDriver III на Lincoln, има груб дизајн со минимален број подвижни делови со цел максимална надежност и издржливост во апликациите за напорна работа. Моторот е достапен во две големини и ја зголемува способноста за пумпање во апликациите со повисок притисок и/или со поголема количина и не му се потребни соленоидни вентили или надворешен притисок или прекинувачи за ограничување за да заврши еден циклус.

Пиштол за маст Lincoln PowerLuber серија 1880
Напојуван од ефикасна 20-волтна литиум-јонска батерија, пиштолот за маст PowerLuber од серија 1880 има глава за вбризгување со висок вртежен момент и нанесува маст со 690 бари и при зголемено и при намалено вбризгување. Алатот користи повеќефункциски екран со течни кристали (LCD-екран) за прецизно да ги покажува стандардните отчитувања како што се нивото на батеријата и протокот на маст. Дополнително, мерачот на проток на LCD-екранот открива намалување на протокот, елиминирајќи ги неточните отчитувања за да помогне да се обезбеди дека опремата што се опслужува ќе биде соодветно подмачкана.

Електронски контролер Lincoln PMV
Компатибилен со сите пумпи Lincoln PMV, контролерот PMV спречува оштетувања на пумпата поради високи брзини доколку се потроши средството за подмачкување во резервоарот. Електронскиот контролер ја исклучува пумпата и активира аларм доколку се надмине претходно поставената стапка на циклуси. Единицата се инсталира лесно и работи независно од количината и притисокот на доводот на воздух.

SKF ќе ги изложи и неодамна промовираните производи специјално дизајнирани за апликации во механизациони машини и во рударството:

Решенија за механизациони машини
Лизгачките лежишта на SKF со продолжен работен век го комбинираат нивниот дизајн без потреба за одржување со робусните перформанси на конвенционалните челик-на-челик лизгачки лежишта. Бидејќи на овие лежишта не им треба повторно подмачкување, тие ги намалуваат работните трошоци и го намалуваат влијанието врз животната средина.

Сеопфатното портфолио од хидраулични заптивки на SKF нуди подобрени перформанси на хидрауличните цилиндри. Развиени за да ги задржат хидрауличните флуиди внатре, а загадувачите надвор, но и за да го одржуваат хидрауличниот притисок, во овие решенија спаѓаат заптивки за клипњаша и одбојник, заптивки за клипови, бришачи и статички заптивки, како и прстени водилки и резервни прстени.

Решенија за рударство
Како дел од темата со фокус на апликациите, SKF ќе претстави понови решенија за транспортните ленти, меѓу кои и решението со три бариери, куќишта SE, буресто валчести лежишта со заптивки (SSRB) и комплет за следење на звукот на статичниот ременик.

Решението со три бариери е еколошко и исплатливо решение што може да го продолжи работниот век без употреба на цврсти средства за подмачкување, заптивки од таконит или големи количества маст. Кога е инсталирано, решението му обезбедува три слоја заштита на лежиштето за време на работата.

Благодарение на висококвалитетните лиени и дуктилни железни материјали, големите ребра во основата и дополнителниот материјал околу отворите за приклучоци, куќиштата SE издржуваат ударните оптоварувања и го намалуваат изобличувањето на основата и ракавците на лежиштето при големи оптоварувања.

Погодни за работа во тешки услови, буресто валчестите лежишта со заптивки содржат зајакнат челик развиен со нов, патентиран процес на термичка обработка. Резултатот е подобрена отпорност на абење до двапати во споредба со работниот век во услови на недоволно подмачкување и услови на загаденост.

Рачниот комплет на SKF за следење на звукот на статичниот ременик помага да се откријат раните знаци за дефект на ременикот, го намалува оштетувањето на ременот и овозможува планирање на поисплатливо одржување.

Саемот ConExpo-Con/Agg се одржува на секои три години и претставува меѓународен собир на претставници од индустриите за градежништво, фокусирајќи се на машините и опремата за градежништво, машините во каменоломи и опремата за мешање готов бетон. Саемот за 2014 година ќе се одржи од 4 до 8 март во Las Vegas Convention Center во Лас Вегас, Невада (САД). Решенијата за производи на SKF ќе бидат изложени на штандот 11621 во северната хала.

Aktiebolaget SKF
(публ.)

За повеќе информации, контактирајте со:
Односи со новинари: Моник Тарнер, +1 267 436 6836; +1 215 801 8722 monique.turner@skf.com
Односи со новинари: Кенет Волш, +1 314 679 4255; +1 314 477 5661 kenneth.walsh@skf.com

SKF е водечки глобален добавувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги во кои спаѓаат техничка поддршка, услуги за одржување и надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2013 година изнесуваше 63.597 милиони шведски круни, а бројот на вработените изнесуваше 48.401. www.skf.com

® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.


SKF logo