SKF го додава новиот Lincoln PowerLuber во асортиманот на пиштоли за маст

  • Сторија

    2014 март 04, 17:00 CET

    Гетеборг, 4 март 2014 година: Денес, SKF го промовираше пиштолот за маст Lincoln PowerLuber серија 1880 за повеќе примени за подмачкување. Со редизајнираната глава за вбризгување со висок вртежен момент, дво-брзинскиот мотор нанесува маст со притисок до 690 бари и при зголемено и при намалено вбризгување.

    Напојуван од ефикасна 20-волтна литиум-јонска батерија, пиштолот за маст PowerLuber користи повеќефункциски екран со течни кристали (LCD-екран) за прецизно да ги покажува стандардните отчитувања како што се нивото на батеријата и протокот на маст (во унци или грамови). Дополнително, мерачот на проток на LCD-екранот открива намалување на протокот, елиминирајќи ги неточните отчитувања за да помогне да се обезбеди дека опремата што се сервисира ќе биде соодветно подмачкана.

    Подлогата во три точки на цврстиот пиштол за маст го држи алатот исправен и стабилен за лесно ракување и компактност. Оваа карактеристика овозможува пристап до тесни места и го намалува заморот кај корисникот при подмачкувањето на лесно достапни места. Исто така, алатот има корисна вградена светлосна диода (LED) за осветлување на работниот простор.

    Aktiebolaget SKF
    (публ.)

    За повеќе информации, контактирајте со:
    Односи со новинари: Моник Трнер, +1 267 436 6836; +1 215 801 8722 monique.turner@skf.com
    Односи со новинари: Кенет Волш, +1 314 679 4255; +1 314 477 5661 kenneth.walsh@skf.com

    SKF е водечки глобален добавувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги во кои спаѓаат техничка поддршка, услуги за одржување и надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2013 година изнесуваше 63.597 милиони шведски круни, а бројот на вработените изнесуваше 48.401. www.skf.com

    ® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.



  • Слика

Преземете го промотивниот материјал за медиуми

Промотивен материјал за медиуми (708 KB)

SKF logo