SKF промовира нов хидрауличен мотор Lincoln PowerMaster

  • Сторија

    2014 март 04, 17:00 CET

    Гетеборг, 4 март 2014 година: Денес, SKF го промовираше хидрауличниот мотор Lincoln PowerMaster за употреба со цевки за пумпи PowerMaster III и PileDriver III на Lincoln. Моторот е идеален за апликации во рударската индустрија и во градежништвото бидејќи има солидна конструкција со минимален број подвижни делови со цел максимална надежност и издржливост.

    Моторот е достапен во две големини и ја зголемува способноста за пумпање во апликациите со повисок притисок и/или со поголема количина и не му се потребни соленоидни вентили или надворешен притисок или прекинувачи за ограничување за да заврши еден циклус. Внатрешната логика на моторот PowerMaster обезбедува глатка конверзија за секој такт. Дизајниран за автоматски и ефективен пренос и испорака до апликациите кои се подмачкуваат, повеќенаменскиот мотор PowerMaster реагира веднаш на барањата за промени на количината и притисокот на средството за подмачкување.

    Aktiebolaget SKF
    (публ.)

    За повеќе информации, контактирајте со:
    Односи со новинари: Моник Тарнер, +1 267 436 6836; +1 215 801 8722 monique.turner@skf.com
    Односи со новинари: Кенет Волш, +1 314 679 4255; +1 314 477 5661 kenneth.walsh@skf.com

    SKF е водечки глобален добавувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги во кои спаѓаат техничка поддршка, услуги за одржување и надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2013 година изнесуваше 63.597 милиони шведски круни, а бројот на вработените изнесуваше 48.401. www.skf.com

    ® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.



  • Слика

Преземете го промотивниот материјал за медиуми

SKF logo