SKF нуди нова серија автоматски подмачкувачи

2014 март 04, 17:00 CET

Гетеборг, 4 март 2014 година: Денес, SKF ја промовираше серијата TLMR автоматски подмачкувачи за општи машински апликации во тешките индустрии како што се рударската индустрија, индустријата за нафта и гас и индустријата за храна и пијалаци. Идеални за тешко пристапни или опасни точки за подмачкување, подмачкувачите TLMR се отпорни на вода, прашина и вибрации.

Новите диспензери со средство за подмачкување обезбедуваат максимален притисок на испуштање до 30 бари и работат стабилно на температури од -25 до +70 Целзиусови степени. Подмачкувачот TLMR 101 се напојува со литиумски батерии AA со стандардна големина, додека подмачкувачот TLMR 201 користи 12 или 24-волтна еднонасочна струја. Двата модела се достапни со 120-милилитарски или 380-милилитарски лесно заменливи касети со средство за подмачкување, наменети за апликации со висока потрошувачка на средство за подмачкување.

Подмачкувачите TLMR се инсталираат едноставно и нудат подолг работен век од конкурентските производи (до 24 месеци). Двете единици имаат код 67 за заштита од навлегување и имаат индикатори за состојбата со LED-сијаличка, известувајќи кога уредите функционираат правилно, кога е ниско нивото на маст или при појава на грешки.

Aktiebolaget SKF
(публ.)

За повеќе информации, контактирајте со:
Односи со новинари: Моник Трнер, +1 267 436 6836; +1 215 801 8722 monique.turner@skf.com
Односи со новинари: Кенет Волш, +1 314 679 4255; +1 314 477 5661 kenneth.walsh@skf.com

SKF е водечки глобален добавувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги во кои спаѓаат техничка поддршка, услуги за одржување и надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2013 година изнесуваше 63.597 милиони шведски круни, а бројот на вработените изнесуваше 48.401. www.skf.com

® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.



Преземете го промотивниот материјал за медиуми

SKF logo