SKF нуди нова хидраулична пумпа за континуирано подмачкување Lincoln

  • Сторија

    2014 март 04, 17:00 CET

    Гетеборг, 4 март 2014 година: Денес, SKF ја промовираше хидрауличната пумпа за континуирано подмачкување Lincoln HTL 201US. Пумпата развиена за намалување на триењето и абењето на малите и средни хидраулични чекани од 650 фунти (295 kg) е погодна за дополнителни хидраулични приклучоци како што се шепи, ножици и мини-ровокопачи.

    Компактната пумпа HTL 201US може да се монтира директно на чеканот или на друг приклучок за да врши постојано подмачкување додека работи уредот. Пумпата останува на алатот за кој е потребно подмачкување, дури и ако се замени носечката единица. Оваа пумпа користи 410 грама стандардна маст или касети со паста до NLGI класа 2 или може да се полни со нејзиниот вграден приклучок за повторно полнење. За поголема погодност, пумпата HTL 201US има индикатор за ниско ниво на средството за подмачкување, што го известува корисникот кога треба да се додаде средство за подмачкување.

    Единицата функционира на работни температури од -25 до +60 Целзиусови степени. Во зависност од хидрауличниот притисок и поставката на регулаторот за гас, пумпата има варијабилен проток на средство за подмачкување до 6,7 кубни сантиметри на минута.

    Aktiebolaget SKF
    (публ.)

    За повеќе информации, контактирајте со:
    Односи со новинари: Моник Трнер, +1 267 436 6836; +1 215 801 8722 monique.turner@skf.com
    Односи со новинари: Кенет Волш, +1 314 679 4255; +1 314 477 5661 kenneth.walsh@skf.com

    SKF е водечки глобален добавувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги во кои спаѓаат техничка поддршка, услуги за одржување и надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2013 година изнесуваше 63.597 милиони шведски круни, а бројот на вработените изнесуваше 48.401. www.skf.com

    ® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.



  • Слика

Преземете го промотивниот материјал за медиуми

SKF logo