SKF нуди нов електронски контролер Lincoln PMV

  • Сторија

    2014 март 04, 17:00 CET

    Гетеборг, 4 март 2014 година: Денес, SKF го промовираше контролерот Lincoln PMV. Контролерот што е компатибилен со сите пумпи Lincoln PMV, ја исклучува пумпата и активира аларм доколку пумпата ја надмине претходно поставената стапка на циклуси.

    Единицата е наменета за спречување оштетувања на пумпата поради високи брзини доколку се потроши средството за подмачкување во резервоарот, а ги ограничува и излевањата доколку скинато црево или пукната цевка предизвикуваат висока стапка на циклуси на пумпата. Целосно електронскиот контролер е лесен за инсталирање и едноставен за користење, работејќи независно од количината и притисокот на доводот на воздух. Дополнително, единицата може да се поврзе со надворешен монитор или аларм.

    Aktiebolaget SKF
    (публ.)

    За повеќе информации, контактирајте со:
    Односи со новинари: Моник Трнер, +1 267 436 6836; +1 215 801 8722 monique.turner@skf.com
    Односи со новинари: Кенет Волш, +1 314 679 4255; +1 314 477 5661 kenneth.walsh@skf.com

    SKF е водечки глобален добавувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги во кои спаѓаат техничка поддршка, услуги за одржување и надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2013 година изнесуваше 63.597 милиони шведски круни, а бројот на вработените изнесуваше 48.401. www.skf.com

    ® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.



  • Слика

Преземете го промотивниот материјал за медиуми

Промотивен материјал за медиуми (706 KB)

SKF logo