Телескопскиот столб на SKF им помага на производителите на оригинална медицинска опрема да ја зголемат продажбата

  • Сторија
    Телескопски столб CPMT на SKF
    Телескопски столб CPMT на SKF

    2014 март 05, 09:00 CET

    Гетеборг, Шведска, 5 март 2014 година: SKF промовираше телескопски столб за движење на опремата во медицински процедури што им овозможува на производителите на оригинална опрема да понудат поголема носивост и брзина за операционите столови и маси, во споредба со претходните модели. Телескопскиот столб на SKF - серија CPMT им помага на производителите на оригинална опрема да ја зголемат продажбата обезбедувајќи опрема што ги исполнува барањата на пазарот и го зголемува капацитетот за пациенти во здравствените центри.

    Телескопскиот столб на SKF - серија CPMT е троделен телескопски столб со мала вовлечена должина (320 mm) и поголема способност за извлекување во споредба со претходните модели. Кај операционите столови, малата висина обезбедува подобрена пристапност за пациентите, без да се компромитира вкупната истегната должина за клиничките процедури. Со големите брзини на позиционирање (до 34 mm/s) се нуди побрза услуга и зголемување на клиничката ефикасност. Во клучните придобивки спаѓа и високата носивост, како конкретна придобивка за производителите на операциони маси. Дополнително, столбот им нуди на дизајнерите на оригинална опрема повеќе функции за флексибилност, како што е опцијата за конфигурирање за висока носивост за да се обезбеди висока крутост и приспособливи навои на надворешната површина на столбот за дополнителни опции за приклучоци.

    „Денес, клиниките се под притисок да ги намалат сè повисоките трошоци за здравствена нега обезбедувајќи побрзо работење со пациентите, а тоа им го овозможува нашиот нов телескопски столб. Исто така, телескопските столбови им олеснуваат на производителите на медицинска опрема да ги задоволат потребите на пазарот поради поголемата телесна тежина на пациентите, а за тоа е потребна поголема носивост на столовите и масите, но и полесна пристапност. За оваа потреба што добива сè поголема поддршка од законодавството, се бараат функции со зголемени работни опсези за подигнување на опремата“, вели Андреас Дригемелер, менаџер на SKF за индустрија за медицинска и здравствена нега. 

    Телескопскиот столб на SKF им обезбедува конкурентна предност на производителите на оригинална опрема, нудејќи им поголема носивост и поголема брзина на подигнување, како компонента што речиси нема потреба да се одржува во текот на нејзиниот работен век.


    Aktiebolaget SKF
    (публ.)

    За повеќе информации, контактирајте со:
    Односи со новинари: Ниа Килстром, +46 31-337 2897; +46 706 67 28 97; nia.kihlstrom@skf.com

    SKF е водечки глобален добавувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги во кои спаѓаат техничка поддршка, услуги за одржување и надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2013 година изнесуваше 63.597 милиони шведски круни, а бројот на вработени изнесуваше 48.401. www.skf.com 

    ® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.
    ™ BeyondZero е заштитен знак на SKF Group.


  • Слика

Преземете го промотивниот материјал за медиуми

Промотивен материјал за медиуми (1.7 MB)

SKF logo