SKF испорачува заптивки за менувач во вредност од над 100 милиони шведски круни до Geely Automotive

  • Сторија

    2014 март 06, 10:00 CET

    Гетеборг, Шведска, 6 март, 2014 година: SKF започна да испорачува клипни заптивки на Geely Automobile. Деловните договори во вредност од над 100 милиони шведски круни траат околу пет години и ја обврзуваат SKF да испорачува заптивки за опремување на автоматскиот менувач (6AT) на Geely, за нивните модели на автомобили GC6, Emgrande EC8 и Gleagle GX7, нивното прво SUV-возило.

    Тригве Стен, претседател на SKF Automotive вели, „Нашата соработка за развој со Geely со цел поефикасни менувачи ни даде можност да ги докажеме нашите вештини и експертиза. Нашите заптивки ги исполнуваат строгите услови на Geely. Нашата локална производствена и инженерска инфраструктура во Кина ни овозможува да бидеме блиску до Geely и да одговараме брзо на нивните потреби. SKF неодамна ја доби Наградата за извонреден снабдувач од Geely. Наградата нè прави навистина среќни и нè инспирира постојано да ја обезбедуваме вистинската вредност во нашето работење“.

    „Решението со заптивки за клипови од SKF сега овозможува уште поробусни менувачи, со повисоки перформанси. Нашата соработка ни е од голема полза и навистина сме задоволни од работењето со SKF како инженерски партнер. Geely преминува кон производство на автомобили од високата класа, па важно е да соработува со висококвалитетни брендови како што е SKF“, вели Шаокван Жао, директор за набавки на Geely Automotive.

    Клипната заптивка е дизајнирана да понуди робустност за да се избегне оштетување за време на монтажата или работењето, овозможувајќи подолг работен век. Оваа заптивка нуди и можност за намалување на тежината на апликацијата со помош на решение со челичен клип.

    Заптивките ги произведува SKF Sealing Solutions во Вуху, Кина.

    Aktiebolaget SKF
    (публ.)


    За повеќе информации, контактирајте со:
    Телефон за медиуми: +46 31 337 2400
    Односи со новинари: Ребека Јанзон, +46 31-337 3880; +46 727-173 880; rebecca.janzon@skf.com
    Односи со инвеститори: Марита Бјорк, +46 31-337 1994; +46 705-181 994; marita.bjork@skf.com

    SKF е водечки глобален добавувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги во кои спаѓаат техничка поддршка, услуги за одржување и надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2013 година изнесуваше 63.597 милиони шведски круни, а бројот на вработените изнесуваше 48.401. www.skf.com

    ® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.


  • Слика

Преземете го промотивниот материјал за медиуми

Промотивен материјал за медиуми (1.4 MB)

SKF logo