SKF TKTL 40 овозможува побезбедно и поефикасно мерење на температурата

  • Сторија

    2014 март 10, 14:00 CET

    SKF го промовираше SKF TKTL 40 – преносен инфрацрвен термометар, којшто може да фотографира и да снима видеа овозможувајќи безбедно и ефективно мерење од далечина.

    Гетеборг, Шведска, 10 март, 2014 година: SKF го промовираше SKF TKTL 40 - преносен и лесен повеќефункциски инструмент за мерење температури од далечина. SKF TKTL 40 е единствениот инфрацрвен термометар во неговата класа што може да фотографира и да снима видеа со прикажување на измерените температури, овозможувајќи им на инженерите да ги мерат површинските температури полесно и побезбедно. 

    Доколку абнормалните температури не се откријат, тоа може да предизвика непланиран застој на машините, а високите температури може да предизвикаат оштетување на средството за подмачкување и на лежиштата. SKF TKTL 40 е прецизен термометар што е лесен за користење од страна на техничарите и може да им помогне да спречат такви проблеми, како и да ја мерат температурата безбедно.

    „Инфрацрвениот термометар TKTL 40 на SKF е повеќенаменски инструмент за користење од страна на техничарите за одржување и од професионалците за греење, вентилација и климатизација (HVAC). Благодарение на способноста за фотографирање и снимање видеа, TKTL 40 овозможува разгледување и споделување на отчитувањата, помагајќи му на целиот тим да ја визуализира ситуацијата директно“, вели Џенс Каман, менаџер за производи на SKF.

    SKF TKTL 40 овозможува истовремено мерење и прикажување на повеќе услови на околината, со што уредот е идеален за професионалците за греење, вентилација и климатизација. Сите информации од мерењата, вклучително и мерењата за условите на околината, како што се амбиенталната температура, точката на росење и температурата на влажен термометар како и релативната влажност, можат да се снимат, повикаат и извезат на компјутер. 

    Благодарение на соодносот од 50:1 меѓу растојанието и точката на мерење, SKF TKTL 40 овозможува прецизни мерења на температурите на многу мали области, дури и од големи растојанија, а променливата емисивност што може да ја избере корисникот од 0,1 до 1,0 овозможува прецизно мерење на повеќето површински температури. Корисникот само го насочува уредот и го притиска копчето, а температурата се прикажува на екранот, додека две ласерски точки ја покажуваат обележаната област за мерењето. Дополнително, термометарот TKTL 40 е опремен со сонда што овозможува истовремено мерење на температурите и со директен контакт и со метод за инфрацрвено мерење.

    SKF TKTL 40 нуди широк опсег за инфрацрвено мерење на температурата од –50 до +2.300 °C. Може да се вршат и мерења со директен контакт, на температури од –50 до +1.370 °C. 

    Термометарот има екран со заднинско осветлување, двоен ласерски визир, врска за сонда од K-тип и LED-осветлувач што овозможува видливост на предметот дури и во слабо осветлени околини. Може да се користи функција за запишување податоци за да се визуализираат промените на температурата со тек на времето, а корисниците можат да изберат високи и ниски нивоа на аларми со предупредувачки звучни сигнали. За продолжен работен век, функцијата за автоматско исклучување што може да ја избере корисникот го оптимизира работниот век на батеријата со можност за повторно полнење, а самиот уред се испорачува во цврста кутија за носење. SKF TKTL 40 е еден од неколкуте слични термометри на пазарот што се испорачуваат со контактна сонда за директно мерење температури.

    Aktiebolaget SKF
    (публ.)

    За повеќе информации, контактирајте со:
    Односи со новинари: Ниа Килстром, +46 31-337 2897; +46 706 67 28 97; nia.kihlstrom@skf.com

    SKF е водечки глобален добавувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги како што се техничка поддршка, одржување и обезбедување надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2013 година изнесуваше 63.597 милиони шведски круни, а бројот на вработените изнесуваше 48.401. www.skf.com

    ® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.
    ™ BeyondZero е заштитен знак на SKF Group.

  • Слика

Преземете го промотивниот материјал за медиуми

Промотивен материјал за медиуми (11.2 MB)

SKF logo