Номинација за член на одборот на SKF

2014 март 11, 15:30 CET

Гетеборг, 11 март, 2014 година: Кандидационата комисија го дополнува својот претходен предлог за Одборот на директори според тоа што е наведено во известувањето од 26 февруари 2014 година, поднесено до Генералното годишно собрание на Aktiebolaget SKF.

Кандидационата комисија предлага новоизбраниот член да биде Мари Бредберг.

Од 2006 година, Мари Бредберг е главен извршен директор на Combitech AB, а беше и потпретседател (2004 - 2006) и главен финансиски директор (2000 - 2004) на AerotechTelub AB. Мари Бредберг има искуство со неколку ангажмани во одбори во Групацијата SAAB и е магистер на науки за Индустриско инженерство и менаџмент на Институтот за технологија при Универзитетот Линшопинг.

Кандидационата комисија утврди дека компетентноста и искуството на Мари Бредберг се целосно усогласени со потребниот профил одреден во промислената изјава на Кандидационата комисија, којашто беше додадена на известувањето до Генералното годишно собрание.

(За повеќе информации, посетете ја веб-локацијата на компанијата www.skf.com.)

Aktiebolaget SKF
(публ.)


За повеќе информации, контактирајте со:
Телефон за медиуми: +46 31 337 2400
Односи со новинари: Ребека Јанзон, +46 31-337 3880; +46 727-173 880; rebecca.janzon@skf.com
Односи со инвеститори: Марита Бјорк, +46 31-337 1994; +46 705-181 994; marita.bjork@skf.com


SKF е водечки глобален добавувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги во кои спаѓаат техничка поддршка, услуги за одржување и надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2013 година изнесуваше 63.597 милиони шведски круни, а бројот на вработените изнесуваше 48.401. www.skf.com

® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.

SKF logo