Нови решенија на SKF за болидот F1 на Scuderia Ferrari за 2014 година

  • Сторија
    Scuderia Ferrari F14 T
    Scuderia Ferrari F14 T

    2014 март 11, 14:00 CET

    Гетеборг, Шведска, 11 март 2014 година: SKF разви голем број нови решенија за новиот Scuderia Ferrari F14 T што беше официјално промовиран на 25 јануари.

    SKF заврши важна работа за моторот на Ferrari што ќе се трка од следната сезона на Формула 1. Овој V6-мотор со ниво на хибридизација што не било постигнато никогаш досега, обезбедува заштеда на гориво до 30% за продолжена истрајност со помош на моќниот систем за обнова на енергијата.

    Меѓу производите што ги обезбеди SKF се хибридните лежишта со нови керамички валчиња, приспособените лизгачки лежишта дизајнирани со помош на најмодерните авионски технологии и лежишта со високи перформанси. 
    Сите овие производи треба да издржуваат навистина екстремни услови на работа, а надежноста, намалувањето на триењето и отпорноста на абење се најважните карактеристики веќе многу долго време. 

    „Повеќе од 65 години SKF тимски работеше со Scuderia Ferrari за да се справат со најголемите и највозбудливите технички предизвици од година во година. SKF се гордее што заедно со Ferrari учествува во ова ново возбудливо патување низ историјата на Формула 1 со претстојниот V6-мотор со турбо-полнач“, вели Жан Силвен Миљоре, раководител на одделот SKF Racing. 

    Покрај решенијата на SKF за болидот F1 за 2014 година, Scuderia Ferrari го потврдува и развиениот однос со SKF.

    „Знаеме како функционира SKF и добро ги знаеме инженерите од Одделот за трки, кои се секогаш подготвени да ги прифатат нашите барања и да ги поддржат проектите за развој. Партнерството меѓу SKF и Ferrari предвидува повремени состаноци во Маранело, но ефикасноста на SKF може вистински да се измери во ситуација на итна потреба. SKF е брза и ефективна, особено во случај на проблеми со лежиштата во возило од Формула 1. Завршија одлична работа за проектот 2014, а особено во менувачката кутија, моторот и системите за обнова на енергија.
    Во 2014 година, со новите регулативи всушност ќе ги менуваме и оптоварувањето и условите на употреба, па соработката со инженерите на SKF ќе биде уште поважна“, вели Симоне Реста, заменик главен конструктор на Scuderia Ferrari.

    Првиот официјален документ што го потврдува партнерството меѓу Scuderia Ferrari и SKF е телеграма од далечната 1948 година, во која Ferrrari им честита на SKF за нивната техничка соработка што помогна Ferrari да победи на историската трка „Mille Miglia“.

    Последниот договор за официјално спонзорство потпишан во 2012 година го опфаќа снабдувањето лежишта за тркала, потпирање, пренос, мотор, но и за системот за обнова на енергија, како и решенија за заптивање и инженерски услуги - особено во полето на системи за следење на состојба. SKF ја снабдува Scuderia Ferrari со околу 150 компоненти, односно со речиси сите лежишта на болидот за Формула 1. Понатаму, SKF ја пренесува развиената технологија во понудите за автомобилската индустрија.

    Aktiebolaget SKF
    (публ.)

    За повеќе информации, контактирајте со:
    Односи со новинари: Моник Тарнер, +1 267 436 6836, +1 215 801 8722, Monique.Turner@skf.com

    SKF е водечки глобален добавувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги во кои спаѓаат техничка поддршка, услуги за одржување и надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2012 година изнесуваше 64.575 милиони шведски круни, а бројот на вработените изнесуваше 46.775. www.skf.com

    ® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.



  • Слика

Преземете го промотивниот материјал за медиуми

Промотивен материјал за медиуми (1.5 MB)

SKF logo