SKF ќе го промовира решението за криогенички пумпи (за употреба при екстремно ниски температури) на Asia Pacific Maritime

2014 март 11, 16:00 CET

SKF ќе го открие своето ново решение за криогенички лежишта за пумпи на LNG за поморската индустрија за прв пат на Asia Pacific Maritime 2014, од 19 до 21 март, во Сингапур

Гетеборг, Шведска, 11 март 2014 година: SKF ќе претстави повеќе решенија за зголемување на ефикасноста и профитабилноста на поморската индустрија на Asia Pacific Maritime 2014, што ќе се одржи од 19 до 21 март во Marina Bay Sands во Сингапур. Меѓу изложените експонати ќе биде и новото решение на SKF за криогенички лежишта за пумпи на LNG, што ги задоволува потребите на глобалната флота од товарни бродови на LNG обезбедувајќи зголемена флексибилност, достапност и надежност при ракувањето со вреден бродски товар.

Лежиштата, коишто може да се испорачаат со нова пумпа или да се применат како надградба при замената на постојните криогенички лежишта, користат специјална варијанта на термички обработен, супер-цврст нерѓосувачки челик на SKF со високо ниво на азот, со цел зголемување на надежноста при екстремно ниски температури, тврдоста и отпорноста на замор. Тркалачките елементи се произведени од силициум-нитридна керамика за лежишта, а лежиштата се подмачкуваат со самиот течен гас.

Меѓу другите изложени решенија е спојката за вратило OKCX на SKF со внатрешна чаура со навлака од карбиди, користејќи напредна плазма-технологија. Решението е приспособено за потребите на секој поединечен клиент, со навлака што значително го зголемува триењето, а на спојката OKCX и дава повеќе предности. Особено е значајно тоа што капацитетот на вртежниот момент на OKCX е многу повисок од капацитетот на решенијата што не ја користат навлаката со зголемено триење.

SKF ќе ги претстави и своите онлајн и фиксни системи за следење на состојбата на пловни објекти, што ја оптимизираат безбедноста и надежноста на најважните машини на бродот, преку автоматско и континуирано собирање податоци. Развиени во согласност со условите на агенциите за класификација, овие системи овозможуваат анализа или толкување на податоците во секое време, или на бродот или со дијагностицирање од далечина преку комуникацискиот систем на бродот.

Ќе бидат претставени и прстенот SC3 на SKF Blohm + Voss Industries – заптивниот прстен од новата генерација наменет за заптивките SIMPLEX-COMPACT за цевка во бродска крма, што може подобро да се справува со разликите во притисокот. Прстенот SC3 има пократка усна, што овозможува намалување на местото изложено на притисок, додека новата самоподеслива пружина овозможува прстенот да се приспособи подобро на тековниот притисок. Уште една иновација на штандот на SKF ќе бидат решенијата за автоматско подмачкување на системите за подигнување, дизајнирани да работат во екстремни услови, со што се зголемува безбедноста и надежноста на морските нафтени платформи. 

Портфолиото на SKF од производи за поморската индустрија значително се зголеми во текот на последните две години и ќе биде во фокус на интересот на Asia Pacific Maritime 2014. Решенијата на SKF ќе ги видат повеќе од 12.000 посетители од преку 60 земји, нагласувајќи го статусот на SKF како голем добавувач / партнер на поморската индустрија. 

Aktiebolaget SKF
(публ.)

За повеќе информации, контактирајте со:
Односи со новинари: Ниа Килстром, +46 31-337 2897; +46 706 67 28 97; nia.kihlstrom@skf.com

SKF е водечки глобален добавувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги во кои спаѓаат техничка поддршка, услуги за одржување и надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2013 година изнесуваше 63.597 милиони шведски круни, а бројот на вработените изнесуваше 48.401. www.skf.com

® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.
™ BeyondZero е заштитен знак на SKF Group.


SKF logo