SKF постигна спогодба со Европската Комисија

2014 март 19, 12:00 CET

Гетеборг, Шведска, 19 март 2014 година: Групацијата SKF постигна спогодба со Европската Комисија ставајќи крај на истрагата во врска со снабдувањето лежишта за индустријата за производство на моторни возила во Европа. Компанијата се согласи да плати 315.109.000 евра (околу 2,8 милијарди шведски круни), а спогодбената сума ќе се покрие со претходно најавените средства што SKF ги одвои од резултатите во четвртото тромесечје од 2013 година.

„Ова е навистина тажен ден за сите нас во Групацијата SKF и длабоко жалам што се случи ова“ вели Том Џонстон, претседател и главен извршен директор на SKF. „Иако цврсто веруваме дека со ова не е предизвикана каква било штета на нашите деловни клиенти, јасно е дека ова однесување се коси со нашите вредности и со Кодексот на однесување на SKF. Во текот на истрагата SKF целосно соработуваше со органите, а истовремено ги интензивиравме значително нашите програми за усогласеност и обуки во целата Групација SKF. Она што се случи беше неприфатливо и не смее да се случи повторно“

Денешната одлука на Европската Комисија се однесува на прекршувањата на европските правила за конкуренција, во врска со продажбата на лежишта за индустријата за производство на моторни возила во Европа. SKF беше еден од шесте производители на лежишта опфатени со истрагата. Во одлуката за спогодба не е посочено дека високото раководство на SKF било вмешано или информирано за ова конкретно однесување.

Aktiebolaget SKF
(публ.)


За повеќе информации, контактирајте со:
Комуникација со групацијата: Ингалил Остман, +46 31-337 3260; +46 706-973 260; ingalill.ostman@skf.com
Односи со инвеститори: Марита Бјорк, +46 31-337 1994; +46 705-181 994; marita.bjork@skf.com


Согласно Законот за пазари на хартии од вредност и/или Законот за тргување со финансиски инструменти, AB SKF е должна да ги објави информациите наведени овде. Информациите беа поднесени за објавување во 12.00 часот на 19 март, 2014 г.


SKF е водечки глобален добавувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги во кои спаѓаат техничка поддршка, услуги за одржување и надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2013 година изнесуваше 63.597 милиони шведски круни, а бројот на вработени изнесуваше 48.401. www.skf.com 

® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.

SKF logo