Магнетските лежишта SKF S2M ги зголемуваат перформансите на турбоекспандерите за Turbogaz

  • Сторија

    2014 март 25, 14:00 CET

    SKF ќе испорача поголема количина магнетски лежишта SKF S2M до производителот на турбоекспандери Turbogaz, зголемувајќи ја надежноста и одржливоста на индустријата за гас


    Гетеборг, 25 март 2014 година: SKF потпиша договор за испорака на магнетски лежишта SKF S2M до украинскиот производител на турбоекспандери Turbogaz со седиште во Карков, помагајќи да се подобри надежноста и одржливоста на индустријата за гас. Девет комплети со стандарден електронски контролен кабинет ќе бидат испорачани до Узбекистан, најголемиот производител и потрошувач на природен гас во Централна Азија, со што се докажува способноста на решенијата на SKF за задоволување на потребите за оваа апликација.

    Во турбоекспандерите - турбините во кои се користи гас под висок притисок за одделување на потешките парчиња и за движење на компресорот, лежиштата се во директен контакт со гас постојано, а неповолната околина може да придонесе за забрзување на абењето и појавата на дефекти. За да се справат со овој предизвик, магнетските лежишта SKF S2M нудат понадежно решение без подмачкување, за високобрзински турбоекспандери на природен гас, овозможувајќи ѝ на компанијата Turbogaz да понуди единици што немаат голема потреба за одржување. Ова е од суштинско значење за договорот со Узбекистан, бидејќи турбоекспандерите ќе се инсталираат во оддалечени постројки за обработка на природен гас сместени во пустината, каде што пристапноста за одржувањето е скапа. Со повеќе од 40 единици Узбекистан ќе биде меѓу корисниците со најголем број турбоекспандери што работат со магнетски лежишта SKF S2M.

    Комплетот од магнетски лежишта SKF S2M содржи две радијални лежишта (150 mm) со вградени детектори и помошни (резервни) лежишта плус едно аксијално лежиште што може да издржува големи аксијални оптоварувања. Лежиштата имаат зајакната изолација за издржување на неповолната околина на киселиот гас. За разлика од единиците со лежишта подмачкани со масло, во овие лежишта нема масло што значи дека нема загадување на течноста што се обработува, а бидејќи нема механички контакт и не е потребно подмачкување, овие единици со лежишта речиси немаат потреба за одржување. Единицата со магнетски лежишта SKF S2M служи и како моќна алатка за дијагностицирање следејќи ги вибрациите на вратилото, како и температурите со помош на вградени сензори што би требало да се испорачаат и да се инсталираат посебно во единиците со лежишта подмачкани со масло. 

    „Веќе долги години Turbogaz соработува со SKF Magnetic Mechatronics (S2M) за да ги опремува турбоекспандерите со магнетски лежишта“, вели г. Купригин, главен извршен директор на Turbogaz. „Нашиот прв заеднички проект беше развојот на единица со турбоекспандер со производствен капацитет од девет милиони кубни метри дневно. Единицата беше пуштена во комерцијална употреба во 2007 година и оттогаш е во функција повеќе од 42 илјади часа. Откако стартуваше првиот пилот-проект, Turbogaz има пуштено во употреба 25 турбоекспандери со магнетски лежишта SKF S2M во Узбекистан. Тоа докажува дека го направивме вистинскиот избор кога склучивме партнерство со SKF“.

    Првиот турбоекспандер со магнетски лежишта во светот беше пуштен во употреба во 1988 година, а француската компанија S2M - тогашна подружница на SKF беше пионерот во оваа технологија. Денес, повеќе од 500 турбоекспандери во светот се опремени со магнетските лежишта SKF S2M, коишто станаа индустриски стандард за турбоекспандерите. Во различните апликации спаѓаат обработката на гас, контролата на точката на росење, производството на етилен и др.

    Aktiebolaget SKF
    (публ.)


    За повеќе информации, контактирајте со:
    Односи со новинари: Моник Тарнер, +1 267 436 6836; +1 215 801 8722 monique.turner@skf.com


    SKF е водечки глобален добавувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги како што се техничка поддршка, одржување и обезбедување надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2013 година изнесуваше 63.597 милиони шведски круни, а бројот на вработените изнесуваше 48.401. www.skf.com

    ® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.
    ™ BeyondZero е заштитен знак на SKF Group.


  • Слика

Преземете го промотивниот материјал за медиуми

Промотивен материјал за медиуми (8.9 MB)

SKF logo