SKF ја доби наградата Техничка соработка од Goldwind

  • Сторија
    SKF ја доби наградата Техничка соработка од Goldwind
    SKF ја доби наградата Техничка соработка од Goldwind

    2014 март 27, 09:00 CET

    Долгорочната соработка продолжува со успешност


    Гетеборг, Шведска, 27 март 2014 година: SKF ја доби наградата Техничка соработка од Goldwind, најголемиот производител на ветерни турбини во Кина и еден од најголемите производители на глобално ниво. Наградата беше доделена во текот на Годишната конференција за снабдувачи на Goldwind.

    Џиминг Жу, претседател на SKF Кина вели „Ова е важно признание за посветеноста кон иновациите и кон обезбедувањето нови технологии и услуги на пазарот. Исто така, ова е доказ за долгорочната посветеност на SKF кон поддршката на нашите клиенти со обезбедување висококвалитетни производи и решенија, како и со придонесување за одржливоста на заедницата“. 

    „Како еден од водечките добавувачи на лежишта за главно вратило на Goldwin, SKF одржуваше постојана комуникација и тесна соработка со техничкиот тим на Goldwind низ годините и значително придонесе за неколку нови стратешки проекти на Goldwind во развој во 2014 и 2015 година“, вели Ву Каи, извршен потпретседател на Goldwind.

    Goldwind и SKF имаат долгогодишна соработка што резултираше со истовремено развивање на напредна технологија додека побарувачката во Кина за чиста енергија обезбедена од ветерни турбини брзо растеше. Во текот на 2013 година, SKF беше целосно вклучен во развојот на лежишта за главните вратила за ветерни турбини на Goldwind од 1,5 MW, 2,0 MW, 2,5 MW и 3,0 MW. Производите и решенијата на SKF испорачани до Goldwind вклучуваат лежишта, следење на состојба WindCon, заптивки, системи за подмачкување и средства за подмачкување. 

    Aktiebolaget SKF
    (публ.)



    За повеќе информации, контактирајте со:
    Телефон за медиуми: +46 31 337 2400
    Односи со новинари: Ребека Јанзон, +46 31-337 3880; +46 727-173 880; rebecca.janzon@skf.com
    Односи со инвеститори: Марита Бјорк, +46 31-337 1994; +46 705-181 994; marita.bjork@skf.com



    SKF е водечки глобален добавувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги како што се техничка поддршка, одржување и обезбедување надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2013 година изнесуваше 63.597 милиони шведски круни, а бројот на вработените изнесуваше 48.401. www.skf.com ® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.

  • Слика

Преземете го промотивниот материјал за медиуми

Промотивен материјал за медиуми (2.4 MB)

SKF logo