Генерално годишно собрание на AB SKF

2014 март 28, 16:00 CET

Гетеборг, 28 март 2014 година: Генералното годишно собрание на Aktiebolaget SKF, чијашто компанија-ќерка е SKF Group се одржа денес, а со собранието претседаваше г. Леиф Естлинг.

Беа усвоени билансот на успех и билансот на состојба, како и предлогот на Одборот за распределба на дивиденда. Беше одобрена дивиденда од 5,50 шведски круни по акција. За да имаат право да добијат дивиденда, акционерите мора да се запишани во акционерската книга на 2 април 2014 г.

Собранието го одобри предлогот на Одборот за измена на Статутот на компанијата со цел зголемување на максималниот број членови на одборот од десет на дванаесет.

Собранието одлучи надоместот за Одборот за 2014 година да биде во согласност со следново:

а) ќе се распредели фиксен надомест од 5.895.000 шведски круни, од кои 1.440.000 шведски круни за Претседавачот на Одборот на директори и 495.000 шведски круни за секој од останатите членови на Одборот избрани на Генералното годишно собрание, а кои не се вработени во компанијата;

б) променлив надомест согласно вредноста пресметана според даденото подолу, на бројот на акции од серија B во компанијата чијашто вредност по Генералното годишно собрание ќе достигне 400.000 шведски круни што ќе ги добие Претседавачот и бројот на акции од серија B во компанијата чијашто вредност по Генералното годишно собрание ќе достигне 137.500 шведски круни што ќе ги добие секој друг член на Одборот; и

в) ќе се распредели надомест за работата на комисиите во износ од 918.000 шведски круни; 210.000 шведски круни за претседавачот на Ревизорската комисија, 150.000 шведски круни за секој од останатите членови на Ревизорската комисија, 120.000 шведски круни за претседавачот на Комисијата за надомест и 96.000 шведски круни за секој од останатите членови на Комисијата за надомест.

Предуслов за добивање надомест е членот на Одборот да биде избран на Генералното собрание и да не биде вработен во компанијата.

При одлучувањето околу износот на променливиот надомест, (i) бројот на акции ќе се утврди со делење на износот од 400.000 шведски круни и износот од 137.500 шведски круни, соодветно, со просечната последна стапка на исплата за акција од серија B според котациите на NASDAQ OMX Stockholm AB во текот на петте дена на тргување веднаш по денот на кој се тргувало со акцијата, без право да се добие дивиденда за 2014 година и (ii) вредноста на акција од серија B во компанијата ќе се одреди на нејзината просечна последна стапка на исплата според котациите на NASDAQ OMX Stockholm AB во текот на петте дена на тргување по објавувањето на соопштението за печат на компанијата за финансиската 2014 година.

Следниве членови на Одборот беа избрани повторно: Леиф Естлинг, Ула Лицен, Том Џонстон, Лена Трешов Торел, Питер Графонер, Ларс Веденборн, Џо Локри, Јоуко Карвинен и Баба Калјани. Следниве членови на Одборот беа новоизбрани: Хок Гоу и Мари Бредберг.

Леиф Естлинг беше избран за претседавач на Одборот.

Собранието го одобри предлогот на Одборот на директори во врска со принципите за надомест за Раководството на Групацијата, како и предлогот на Одборот за усвојување на Програмата на SKF за доделување акции за постигнатите резултати во 2014 година. Програмата опфаќа 310 високи раководители и клучен персонал на Групацијата SKF со можност бесплатно да добијат акции на SKF од серија B. Согласно програмата, може да се доделат најмногу 1.000.000 акции или околу 0,2% од вкупниот број акции во оптек. Бројот на акции што може да се доделат мора да има врска со степенот на успех според целното ниво за вкупна додадена вредност (TVA), како што е дефинирано од Одборот за финансиската 2014 година и развојот на TVA за финансиската 2016 година спореден со финансиската 2014 година.

Собранието го одобри добиениот предлог за Кандидационата комисија.


Aktiebolaget SKF
(публ.)


За повеќе информации, контактирајте со:
Односи со новинари: Ингалил Остман, 46 31-337 3260, мобилен: 46 706-973260, ingalill.ostman@skf.com
Односи со инвеститори: Марита Бјорк, 46 31-337 1994, мобилен: 46 705-181994, marita.bjork@skf.com



SKF е водечки глобален добавувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги како што се техничка поддршка, одржување и обезбедување надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2013 година изнесуваше 63.597 милиони шведски круни, а бројот на вработените изнесуваше 48.401. www.skf.com

® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.

SKF logo