Затворените буресто валчести лежишта SKF Explorer ги намалуваат трошоците за одржување

Затворените буресто валчести лежишта SKF Explorer ги намалуваат одржувањето, употребата на средство за подмачкување и влијанието врз животната средина.
Затворените буресто валчести лежишта SKF Explorer ги намалуваат одржувањето, употребата на средство за подмачкување и влијанието врз животната средина
Работниот век на затвореното буресто валчесто лежиште може да биде до четири пати подолг од работниот век на отворено буресто валчесто лежиште во вообичаено загадена околина.
Работниот век на затвореното буресто валчесто лежиште може да биде до четири пати подолг од работниот век на отворено буресто валчесто лежиште во вообичаено загадена околина.
SKF ги промовираше буресто валчестите лежишта во 1919 година и оттогаш постојано ги подобрува
SKF ги промовираше буресто валчестите лежишта во 1919 година и оттогаш постојано ги подобрува

2014 април 02, 14:00 CET

Затворените буресто валчести лежишта SKF им помагаат на крајните корисници да ги продолжат интервалите на одржување, да ја намалат употребата на средство за подмачкување, како и влијанието врз животната средина.

Гетеборг, Шведска, 2 април 2014 година: SKF, компанијата со знаење применето во инженерството го прошири својот асортиман од затворени буресто валчести лежишта, значително зголемувајќи го бројот на апликации во кои може да се користат. Благодарение на нивната затворена конструкција, лежиштата можат да го намалат одржувањето и истовремено да понудат постојано високи перформанси во тешки услови на работење. Во повеќето случаи, затворената варијанта е димензионално заменлива со отворените лежишта, овозможувајќи едноставна и исплатлива надградба на апликациите.

Подобрената чистота го продолжува работниот век на лежиштето
Во текот на инсталацијата, одржувањето и работењето, отворените лежишта можат да дојдат во контакт со загадувачи коишто можат значително да го намалат работниот век на лежиштата. Со затворените буресто валчести лежишта на SKF се одржува висок степен на чистота во внатрешноста на лежиштето, со што неговиот работен век значително се продолжува. Во загадени околини затворените лежишта можат да траат и до четири пати подолго од отворените буресто валчести лежишта.

Намалена потреба за одржување
Во одредени услови на работење, затворените буресто валчести лежишта SKF Explorer може да се сметаат за лежишта на коишто не им е потребно повторно подмачкување. Бидејќи на лежиштата не им се потребни надворешни заптивки во сите околини, туку во најагресивните, инсталацијата е поедноставена, а со тоа уште повеќе се намалуваат времето на застој и трошоците за одржување. Дополнително, заптивките речиси го елиминираат ризикот од истекување на средството за подмачкување кај конвенционалните отворени лежишта и надворешни заптивки, намалувајќи го нивното влијание врз животната средина.

Затворените буресто валчести лежишта SKF Explorer имаат заптивки од акрилонитрил-бутадиен со две усни и висококвалитетна маст од SKF. Достапни се и варијанта за високи температури со хидрогенизирани гумени заптивки од акрилонитрил-бутадиен и маст за високи температури од SKF.

Како што е вообичаено за сите буресто валчести лежишта SKF Explorer, затворените лежишта имаат повеќе функции што ги прават одлични за користење во сложени апликации. Целосниот асортиман од буресто валчести лежишта SKF Explorer се надгради со нов патентиран процес за термичка обработка, со којшто уште повеќе се зголемува работниот век во загадени околини или во услови на несоодветно подмачкување. 


Aktiebolaget SKF
(публ.)

SKF logo