SKF ја доби наградата Снабдувач со одличен квалитет за 2013 година од Hino Motors, компанија на Toyota Group

  • Сторија

    2014 април 02, 10:00 CEST

    Гетеборг, Шведска, 2 април, 2014 година: SKF ја доби наградата Снабдувач со одличен квалитет од Hino Motors, компанија на Toyota Group, како признание за тоа што не доби ниту една поплака од клиентите како резултат на извонредната успешност во однос на квалитетот во 2013 година. Hino, водечкиот производител на камиони во Јапонија и SKF соработуваат од 2011 година.

    Улрих Селиг, директор на азискиот оддел на SKF Automotive вели „Ни претставува вистинска чест и задоволство што го добивме ова признание од Hino. Во 2012 година започнавме да испорачуваме конусно валчести лежишта за Hino. Нивните високи очекувања и стандард за висок квалитет беа позитивни предизвици за нас со коишто успеавме да се справиме. Се гордееме со тоа што сме инженерски партнер на Hino, помагајќи им да произведуваат уште поефикасни камиони со високи перформанси коишто на сопствениците на камионите им обезбедуваат позитивен вкупен трошок за сопствеништво во нивното работење“.

    „SKF е еден од нашите клучни снабдувачи. За да ја добие оваа награда, снабдувачот треба да биде исклучително вешт во инженерство и производство, но и да може да обезбеди перформанси со исклучително висок квалитет. Се очекува знаењето и фокусираноста на SKF кон високата технологија да обезбедат голема вредност и придобивки за Hino при дизајнирањето на идните модели на камиони. Во SKF гледаме силен партнер и очекуваме да продолжиме со заедничкиот раст“, вели Јасухико Ичинаши, главен извршен директор на Hino Motors.


    Aktiebolaget SKF
    (публ.)


    За повеќе информации, контактирајте со:
    Телефон за медиуми: +46 31 337 2400
    Односи со новинари: Ребека Јанзон, +46 31-337 3880; +46 727-173 880; rebecca.janzon@skf.com
    Односи со инвеститори: Марита Бјорк, +46 31-337 1994; +46 705-181 994; marita.bjork@skf.com


    SKF е водечки глобален добавувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги како што се техничка поддршка, одржување и обезбедување надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2013 година изнесуваше 63.597 милиони шведски круни, а бројот на вработените изнесуваше 48.401. www.skf.com


    ® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.


  • Слика

Преземете го промотивниот материјал за медиуми

Промотивен материјал за медиуми (2.5 MB)

SKF logo