SKF доби признание од General Motors за „Снабдувач на годината“ за 2013 година

  • Сторија

    2014 април 04, 10:00 CEST

    Гетеборг, Шведска, 4 април 2014 година: SKF беше именуван за Снабдувач на годината од General Motors (GM) во текот на дваесет и втората годишна церемонија на GM за доделување на наградите „Снабдувач на годината“ што се одржа во среда, 12 март. SKF ја добива оваа награда по петти пат, а во последните четири години ја освојува четири пати по ред.

    „Оваа престижна награда ја добиваме неколку години по ред благодарение на тоа што одржуваме високо и постојано ниво на успешност. Признанието од GM за нашата напорна работа навистина нè инспирира. Работевме заедно со GM за да формираме одлично партнерство што им обезбедува висока вредност на клиентите“, вели г. Тригве Стен, претседател на SKF Automotive.

    Ексклузивната награда „Снабдувач на годината“ на GM им беше доделена на само 68 снабдувачи во светски рамки, коишто постојано создаваа извонредна вредност и ги надминуваа очекувањата на GM.

    „Нашите снабдувачи играат огромна улога во помагањето на GM да испорача импресивни возила за своите клиенти“, изјави Грејс Либлајн, потпретседател на GM, Глобален синџир за набавка и снабдување. „Добитниците на наградата Снабдувач на годината имаат извонредни резултати во постојаното задоволување на нашите деловни потреби, истовремено поддржувајќи ги нашите културни приоритети“.

    Помалку од еден отсто од снабдувачите на GM ширум светот ја добиваат наградата „Снабдувач на годината“. Добитниците добиваат признание за обезбедување иновациска технологија, супериорен квалитет, навремено управување со кризи и конкурентни решенија за трошоци во рамки на целата компанија.

    Aktiebolaget SKF
    (публ.)



    За повеќе информации, контактирајте со:
    Телефон за медиуми: +46 31 337 2400
    Односи со новинари: Ребека Јанзон, +46 31-337 3880; +46 727-173 880; rebecca.janzon@skf.com
    Односи со инвеститори: Марита Бјорк, +46 31-337 1994; +46 705-181 994; marita.bjork@skf.com


    SKF е водечки глобален добавувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги како што се техничка поддршка, одржување и обезбедување надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2013 година изнесуваше 63.597 милиони шведски круни, а бројот на вработените изнесуваше 48.401. www.skf.com 


    ® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.



    Придружен текст на фотографија: г. Пол Дилисио – директор на одделот за продажба на решенија за заптивање за индустријата за моторни возила на SKF (лево од центарот) и г. Чејкун Ким - извршен директор на одделот за решенија за заптивање на SKF Korea Co., Ltd. (десно од центарот) ја добиваат наградата на GM за Снабдувач на годината за 2013 година од г. Стив Кифер – потпретседател на GM за Глобалниот оддел за погонска линија (лево) и г-а Ким Брајс – извршен директор на GM за глобална набавка на производи (десно).


  • Слика

Преземете го промотивниот материјал за медиуми

Промотивен материјал за медиуми (1.8 MB)

SKF logo