SKF ја доби Наградата Quality Gold за 2013 година од Yamaha

Церемонија за доделување награди на Yamaha
Церемонија за доделување награди на Yamaha

2014 април 09, 14:00 CEST

Гетеборг, Шведска, 9 април 2014 година: SKF ја доби Наградата Quality Gold од Yamaha Motor Company како признание за извонредното работење во 2013 година, за квалитетот, испораката, услугата и управувањето со одѕивот на снабдувачот

Харша Кадам, директор на одделот за возила на две тркала на SKF Automotive вели „Јас и тимот сме многу среќни и горди што ја добивме оваа престижна награда. SKF веќе долги години соработува со Yamaha. Нашата тесна соработка и инженерско партнерство донесоа многу резултати. Обезбедивме поддршка за Yamaha развивајќи поефикасни радијални топчести лежишта за подобрување на перформансите на моторот, преносот и тркалата на мотоциклите и скутерите. Оваа награда е јасно признание за нашата фокусираност на извонредност во задоволувањето на потребите и барањата на нашите клиенти“.

„SKF беше клучен снабдувач за нас во нашиот развој на поефикасни мотоцикли и скутери. Сакаме нашите клиенти да уживаат во возењето на нивната Yamaha. Наша амбиција е да ги исполниме нивните соништа и страст. Ни претставува големо задоволство да работиме со SKF како наш инженерски партнер. SKF помага да придонесеме за задоволството на нашите клиенти. Со задоволство очекуваме постојан успех во нашето заедничко работење“, вели г. Санџив Пол, раководител на одделот за набавка на материјали во Yamaha

Yamaha е еден од водечките производители на мотоцикли во светот. SKF соработува со Yamaha Motor Corporation од 1997 година.

Aktiebolaget SKF
(публ.)


За повеќе информации, контактирајте со:
Моник Тарнер, SKF Group Communications, +1 267 436 6836; +1 215 801 8722 monique.turner@skf.com

SKF е водечки глобален добавувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги како што се техничка поддршка, одржување и обезбедување надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2012 година изнесуваше 64.575 милиони шведски круни, а бројот на вработените изнесуваше 46.775. www.skf.com

® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.
™ BeyondZero е заштитен знак на SKF Group.


SKF logo