SKF обезбедува решенија за e-up!, првиот целосно електричен автомобил на Volkswagen

2014 април 09, 13:00 CEST

Гетеборг, 9 април 2014 година: SKF го снабдува Volkswagen со енергетски ефикасни лежишта за E-погонската линија на нивното прво целосно електрично возило e-up!.

SKF снабдува приспособени конусно валчести лежишта и топчести лежишта SKF eDrive за електромоторот и менувачката кутија на e-up!, промовирани во есента 2013 година. Решенијата помагаат да се намали триењето и бучавата во E-погонската линија, овозможувајќи зголемување на растојанието што го поминува возилото.

Тригве Стен, претседател на SKF Automotive вели, „Ние во SKF сме многу среќни што ќе го опремуваме Volkswagen e-up!. Топчестото лежиште eDrive на SKF е производ од портфолиото BeyondZero на SKF и е едно од нашите енергетски ефикасни решенија за хибридни и целосно електрични возила. Нашето партнерство со Volkswagen се развиваше низ годините и заедно преземаме позитивни чекори во областа на одржливоста за да ги намалиме емисиите на стакленички гасови на глобално ниво. Горди сме што соработуваме со Volkswagen“.

Уште од промовирањето на првите електрични возила од Volkswagen на пазарот, SKF продолжува да соработува со Volkswagen за да ги поддржи во развојот на следната генерација на e-автомобили.

Портфолиото BeyondZero на SKF вклучува производи и решенија од SKF што им обезбедуваат значителни еколошки придобивки на нашите клиенти во зачувувањето на рамнотежата во атмосферата, промовирањето на ефикасна и одговорна употреба на копнените ресурси и/или избегнување на празнења во водите. Решенијата носат вредност и со подобрувањето на ефикасноста на апликацијата што резултира со позитивни крајни ефекти за клиентите, на пр. заштеди на гориво.


Aktiebolaget SKF
(публ.)



За повеќе информации, контактирајте со:
Телефон за медиуми: +46 31 337 2400
Односи со новинари: Ребека Јанзон, +46 31-337 3880; +46 727-173 880; rebecca.janzon@skf.com
Односи со инвеститори: Марита Бјорк, +46 31-337 1994; +46 705-181 994; marita.bjork@skf.com




SKF е водечки глобален добавувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги како што се техничка поддршка, одржување и обезбедување надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2013 година изнесуваше 63.597 милиони шведски круни, а бројот на вработените изнесуваше 45.220. www.skf.com

® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.
® BeyondZero е регистриран заштитен знак на SKF Group.

SKF logo