Извештај на SKF за првото тромесечје од 2014 година

2014 април 15, 08:00 CEST

Том Џонстон, претседател и главен извршен директор:
„Во споредба со слабото прво тромесечје од минатата година, продажбата во ова прво тромесечје одеше добро и остана релативно непроменета во споредба со четвртото тромесечје. Негативната разнообразност на продажбата продолжи, но имавме посилен развој на нашата дејност во индустријата за моторни возила и на продажбата за производители за оригинална опрема за индустријата во Азија. Можното претходно купување пред зголемувањето на цената на пазарот за резервни делови за моторни возила во Европа и Северна Америка не одеше според очекуваното.
Во текот на ова тромесечје добивме повеќе награди и продолживме да ја зајакнуваме SKF со нови можности за соработка, лансирајќи повеќе нови производи и остварувајќи добар напредок со нашата програма за намалување трошоци.
Kaydon се развива добро и имаше добро прво тромесечје. Интеграцијата продолжува според планот и остануваме цврсто фокусирани на продажбата и синергиите на трошоци.
Во ова тромесечје се постигна спогодба со Европската Комисија во врска со нивната
истрага, а спогодбата е во рамки на средствата одвоени за оваа намена во четвртото тромесечје од минатата година.
Средствата ќе се исплатат во јуни, а тоа ќе влијае врз готовинскиот промет во второто тромесечје. 
Очекуваме побарувачката да се развива позитивно и последователно и во споредба
со второто тромесечје од минатата година. Производството ќе се зголемува од година во година и ќе биде нешто
поголемо во споредба со првото тромесечје“.



Клучни податоци

 

 

Прво тромесечје од 2014 година

Прво тромесечје од 2013 година

Нето продажба, во милиони шведски круни

 

 

16.734

15.152

Оперативен профит, во милиони шведски круни

 

 

2.024

1.480

Оперативна маржа, %

 

 

12,1

9,8

Оперативна маржа без еднократни трошоци, %

 

 

11,4

11,4

Профит пред оданочување, во милиони шведски круни

 

 

1.787

1.237

Нето профит, во милиони шведски круни

 

 

1.275

818

Основна заработка по акција, во шведски круни

 

 

2,72

1,74



Во оперативниот профит за првото тромесечје е вклучен нето позитивниот ефект на еднократните ставки што изнесува околу 120 милиони шведски круни. Како резултат на спогодбата со Европската Комисија беа повратени 150 милиони шведски круни од средствата одвоени во четвртото тромесечје од 2013 година. Во тромесечјето имаше и еднократни ставки од околу 30 милиони шведски круни за преструктуирањето, како и негативен ефект на ревалвација поради девалвацијата на аргентинскиот пезос.

Промена на нето-продажбата од година во година, во шведски круни,

благодарение на:

Обем на продажба

Цена/
разнообразност на продажба

Структура

Влијание на
валута

Вкупно

Прво тромесечје од 2014 година

6,2%

-0,4%

4,7%

-0,1%

10,4%



Во четвртото тромесечје, продажбата во локални валути и исклучувачка структура се зголеми за 4,4% во Европа, за 2,9% во Северна Америка, за 4,1% во Јужна Америка, за 10,6% во Азија и за 21,4% во Блискиот Исток и Африка.
Во првото тромесечје, производството беше поголемо во споредба со минатата година.


Очекувања за второто тромесечје од 2014 година

Побарувачка во споредба со второто тромесечје од 2013 година

Побарувачката за производите и услугите на SKF се очекува да биде нешто повисока за Групацијата во Северна Америја и Азија. Се очекува да остане релативно непроменета во Европа и да биде нешто пониска во Јужна Америка. Побарувачката се очекува да биде нешто повисока за сегментот Стратешки индустрии, како и за сегментот Моторни возила, а се очекува да остане релативно непроменета за сегментот Регионална продажба и сервисирање.

Побарувачката во споредба со првото тромесечје од 2014 година
Побарувачката за производите и услугите на SKF се очекува да биде нешто повисока за Групацијата во Северна Америка и Азија. Се очекува да остане релативно непроменета во Јужна Америка. Побарувачката се очекува да биде нешто повисока за сегментот Стратешки индустрии, како и за сегментот Моторни возила, а се очекува да остане релативно непроменета за сегментот Регионална продажба и сервисирање.

Производство
Производството се очекува да се зголемува од година во година и да биде нешто поголемо во споредба со првото тромесечје.

Гетеборг, 15 април 2014 година

Aktiebolaget SKF
(публ.)


На 15 април, во 09.00 ч. по средноевропско летно време, 08.00 ч. (Обединето Кралство) ќе се одржи телеконференција:
Шведска: +46 (0)8 505 564 74
Обединето Кралство: +44 (0)203 364 5374

Сите информации околу резултатите на SKF за првото тромесечје од 2014 година се достапни
на веб-локацијата за односи со инвеститори.

investors.skf.com/quarterlyreporting



За повеќе информации, контактирајте со:
Односи со новинари: Ингалил Остман, +46 31-337 3260; +46 706-97 32 60; ingalill.ostman@skf.com
Односи со инвеститори: Марита Бјорк, +46 31-337 1994; +46 705-18 19 94; marita.bjork@skf.com


Согласно Законот за пазари на хартии од вредност и/или Законот за тргување со финансиски инструменти, AB SKF е должен да ги објави информациите наведени овде. Информациите беа поднесени за објавување околу 08.00 часот на 15 април, 2014 година.



SKF е водечки глобален добавувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги како што се техничка поддршка, одржување и обезбедување надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2013 година изнесуваше 63.597 милиони шведски круни, а бројот на вработените изнесуваше 48.401. www.skf.com 

® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.
™ BeyondZero е заштитен знак на SKF Group.

Преземете го промотивниот материјал за медиуми

Промотивен материјал за медиуми (209 KB)

SKF logo