SKF @ptitude Connect нуди исплатлив мониторинг преку интернет

  • Сторија

    2014 април 24, 14:00 CEST

    SKF @ptitude Connect на инженерите им овозможува лесен пристап до софтверски ресурс за исплатливо следење на состојбата преку интернет со којшто ќе се подобри ефикасноста на фабриките.

    Гетеборг, Шведска, 24 април 2014 година: Софтверот SKF @ptitude беше надграден за да ја понуди услугата SKF @ptitude Connect како исплатлив ресурс за работење преку интернет. Услугата обезбедува брз пристап до софтверот за следење на состојба на SKF, овозможувајќи им на клиентите да ги подобрат перформансите и ефикасноста на фабриката.

    SKF @ptitude Connect ѝ овозможува на секоја компанија да воведе Програма за одржување засновано врз следење на состојба (CBM) и/или Програма за предиктивно одржување (PdM), на целата фабрика или на целата компанија преку интернет. Користејќи ја интернет-услугата на SKF, инженерите може да пристапуваат до податоци за машините, да ги анализираат или прикажуваат состојбите на машините и да разгледуваат дијагностички извештаи што може да се печатат.

    SKF @ptitude Connect се осврнува на еден општ проблем со којшто се соочуваат многу објекти, а тоа е недостигот на време или пари да се купи и да се управува со потребниот софтвер. Користејќи ја SKF @ptitude Connect за да пристапуваат до софтвер заснован врз претплата, клиентите може да ја зголемат надежноста и достапноста на опремата без скапи инвестиции.

    „Со SKF @ptitude Connect, клиентите може да ја подобрат надежноста на опремата на фабриката, да ја зголемат достапноста на опремата/средствата и да ги намалат првичните инвестиции на капитал за трошоци за програмата за предиктивно одржување“, вели Луис Ф. Економ, раководител на одделот за дијагностички услуги за средства и системски инженеринг. „Ова решение е флексибилно, односно приспособливо на побарувачката. Наменето е за решавање и за штедење“.

    Услугата SKF @ptitude Connect е компатибилна со рачните уреди на SKF или со онлајн уредите за следење на состојбата, овозможувајќи им на крајните корисници да работат со своите програми CBM или PdM исто како што би работеле и со софтвер на терен, овозможувајќи им намалени трошоци за работата и одржувањето на ИТ-опремата. Во согласност со ISO 27001 и SSAE16, интернет-услугата на SKF го заштитува интегритетот на податоците во клучни области на интерес, како што се пристап до податоци, пренос на податоци, складирање податоци и пристап до податочен центар.

    Бидејќи услугата се обезбедува преку интернет, инсталацијата е брза, а оперативната достапност вообичаено се постигнува за неколку дена. Со ова се овозможува стандардизација на практиките за дијагноза и анализа на состојбата на машините, на повеќе локации и без режиски трошоци за оперативен систем, сервери, софтверски надградби, лиценцирање бази на податоци и системи за резервни копии.

    SKF @ptitude Connect е соодветна за сите машини во функција, како што се вентилаторски системи, пумпни системи и компресори, а ќе им биде од полза на широк опсег индустрии, како што се прехрамбената индустријата, индустријата за ветерна енергија, индустријата за нафта и гас, рударската и поморската индустрија и други.


    Aktiebolaget SKF

         (публ.)


    За повеќе информации, контактирајте со:
    Односи со новинари: Ниа Килстром, +46 31-337 2897; +46 706 67 28 97; nia.kihlstrom@skf.com


    SKF е водечки глобален добавувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги како што се техничка поддршка, одржување и обезбедување надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2013 година изнесуваше 63.597 милиони шведски круни, а бројот на вработените изнесуваше 48.401. www.skf.com

    ® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.
    ™ BeyondZero е заштитен знак на SKF Group.

  • Слика

Преземете го промотивниот материјал за медиуми

Промотивен материјал за медиуми (461 KB)

SKF logo