Новата маст развиена од SKF го намалува триењето и помага да се намали потрошувачката на гориво

  • Сторија

    2014 април 25, 14:00 CEST

    Гетеборг, 25 април 2014 година: SKF промовираше ново решение за подмачкување за единици со лежишта со главчина што го намалува триењето до 9% во споредба со стандардните решенија, истовремено одржувајќи ги истите перформанси на лежиштата. Оваа маст за низок степен на триење ја задоволува потребата на пазарот за намалување на триењето во единиците со лежиште за тркало, намалувајќи ги и емисиите на CO2 и потрошувачката на гориво за да ја подобри целокупната ефикасност на возилото.

    Маста со низок степен на триење беше развиена со нова хемиска формула, со оптимизиран сооднос меѓу модификаторот на триење и адитивите против абење и е целосно компатибилна со компонентите на лежиштата. Маста со низок степен на триење придонесува за намалување на триењето одржувајќи ги истите перформанси на лежиштата од аспект на работен век, крутост и заптивање.

    Оваа маст со низок степен на триење за единици со лежишта со главчина ја намалува апсорбираната енергија до 9,5% во споредба со стандардната маст. Користејќи го Симулаторот на SKF за еколошки перформанси на возилата (VEPS)и врз основа на Новиот европски возен циклус (NEDC), беше пресметано дека возило со четири единици со лежиште со главчина што ja користи маста со низок степен на триење заштедува 0,15 грама CO2 на километар. Со годишна километража од 14.500 km, годишната заштеда изнесува 2,9 kg CO2.

    Маста е приспособена да ги исполни потребите на клиентите за апликациите со единица со лежиште со главчина, зголемувајќи ги придобивките од намаленото триење и подобрувајќи ја ефикасноста за сите корисници. Применливо е за сите генерации на единици со лежишта со главчина и соодветно и за производи со нов дизајн и за модифицирани производи.

    Маста со низок степен на триење е дел од портфолиото BeyondZero на SKF. Решенијата BeyondZero на SKF се дизајнирани да помогнат да се намалат емисиите на CO2, да се зачуваат ограничените ресурси и да се заштити животната средина од употребата и ширењето на отровни материи.

    Aktiebolaget SKF
    (публ.)


    За повеќе информации, контактирајте со:

    Моник Тарнер, +1 267 436 6836; +1 215 801 8722monique.turner@skf.com



    SKF е водечки глобален добавувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги како што се техничка поддршка, одржување и обезбедување надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2013 година изнесуваше 63.597 милиони шведски круни, а бројот на вработените изнесуваше 48.401. www.skf.com

    ® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.
    ™ BeyondZero е заштитен знак на SKF Group.


  • Слика

Преземете го промотивниот материјал за медиуми

Промотивен материјал за медиуми (6.2 MB)

SKF logo