SKF ќе претстави нови приспособени решенија на конференцијата Offshore Technology

  • Сторија

    2014 мај 05, 14:00 CEST

    SKF ќе претстави повеќе иновации на конференцијата Offshore Technology 2014, специјално приспособени да ги задоволат потребите на индустријата за нафта и гас.


    Гетеборг, Шведска, 5 мај 2014 година: SKF ќе претстави повеќе иновации за производителите на оригинална опрема за индустријата за нафта и гас на конференцијата Offshore Technology, што ќе се одржи од 5 до 8 мај 2014 година во Reliant Center, Houston, TX – САД. Новите производи беа специјално приспособени да ги задоволат потребите на индустријата за нафта и гас и во нив спаѓаат конусно валчести аксијални лежишта, Т-заптивки за прицврстување и склопови што бараат мала примена на сила од корисникот за проточни вентили.

    „Посуровите околини бараат решенија што можат да издржат повисоки притисоци и температури за да се намалат одржувањето и времето на застој,” рече Марти Херцог, директор за деловен развој и маркетинг при одделот на SKF за работа со традиционална енергија. „Овие нови иновации се корисни за нашите клиенти со тоа што ја подобруваат надежноста и ефикасноста, истовремено придржувајќи се до строгите безбедносни и еколошки регулативи“.


    Конусно валчести аксијални лежишта на SKF за горни погони на машини за дупчење
    Овие лежишта се карактеризираат со висок капацитет за издржување големи оптоварувања и способност за издржување ударни оптоварувања, како и со извонредна отпорност на абење дури и во услови на неефективна состојба на слојот од средството за подмачкување. Инженерите на SKF ги оптимизираа и дизајнот и процесите за производство на конусно валчести аксијални лежишта и можат да работат со вас за да ги подобрат перформансите на вашиот горен погон на машини за дупчење, приспособувајќи ги карактеристиките на лежиштата со цел да ги задоволат конкретните потреби на вашата апликација. Меѓу опциите спаѓаат симулирање на интеракцијата на компонентите на горниот погон од системска перспектива со комерцијални алатки за симулација, приспособување до нестандардни димензии и специјални навлаки и обработки на површината. Благодарение на подобрената надежност при повисоки оптоварувања, зголемениот капацитет за издржување оптоварувања и зголемената отпорност на абење, конусно валчестите аксијални лежишта на SKF овозможуваат постигнување на повисок капацитет за тонажа на горниот погон во рамки на постојниот дизајн.

    Т-заптивките за прицврстување на SKF ја подобруваат надежноста во најтешките услови за работа
    Патентираната Т-заптивка за прицврстување на SKF на дизајнерите на опрема и на крајните корисници им нуди робусна опција за замена за конвенционалните Т-заптивки и заптивки со пружина, што се подложни на оштетување при инсталацијата, склопувањето или расклопувањето. Подобрените Т-заптивки за прицврстување на SKF се конкретно дизајнирани да се справат со екстремните услови на висок притисок / висока температура во апликациите за заптивање.

    Склопови што бараат мала примена на сила од корисникот за проточни вентили
    SKF го нуди најширокиот асортиман и најдолгото искуство во обезбедувањето склопови што бараат мала примена на сила од корисникот за проточни вентили, за системи со глави за дупчење под висок притисок. Дизајните на SKF со висока прецизност - комбинирајќи топчести или валчести завртки, носечки лежишта и заптивки во еден поврзан склоп - ја поедноставуваат инсталацијата и модифицирањата на терен. Концептите со нов дизајн, како што е функцијата против повратен погон за првпат претставена на пазарот од страна на SKF, зголемената густина на моќност и исклучително малата сила што треба да се примени ги прават овие концепти погодни за примени со висока надежност и мали потреби за одржување, како што се подморските инсталации со кои се ракува со помош на возила управувани од далечина и операциите за хидраулично кршење. Бидејќи склоповите што бараат мала примена на сила од корисникот за проточни вентили се обезбедуваат како целосен затворен склоп, севкупниот трошок се намалува, а прецизноста и доследноста се зголемува бидејќи конечниот склоп подлежи на тестирање и контрола на квалитетот пред да се испорача до клиентот.

    Експерти од SKF ќе бидат на располагање за да им ги објаснат придобивките од сите овие иновации на посетителите, користејќи демонстрации на производи, студии на случаи и презентации.

    На овој настан, SKF ќе ја претстави и Kaydon како најнов член на SKF Group. Преземањето во износ од 1,25 милијарди американски долари спроведено на крајот на 2013 година го прави SKF водечкиот глобален снабдувач на вртливи постолја и нископрофилни лежишта за апликации во индустријата за нафта и гас, како што се железни зглобови за поврзување цевки, кули-кранови и системи за укотвување. Сега, со проширената производствена инфраструктура, SKF може драматично да го подобри синџирот за снабдување, логистиката и поддршката за производителите на оригинална опрема за индустријата за нафта и гас и за крајните корисници во Северна Америка.

    Конференцијата Offshore Technology, врвен светски настан за развој на поморски ресурси во областите на дупчење, истражување, производство и заштита на животната средина, ќе се одржи од 5 до 8 мај 2014 година во Reliant Center, Houston, TX – САД. Посетителите на конференцијата можат да го најдат SKF на штандот 2601.

    Aktiebolaget SKF
    (публ.)


    За повеќе информации, контактирајте со:

    Односи со новинари:Моник Тарнер,+1 267 436 6836; +1 215 801 8722monique.turner@skf.com


    SKF е водечки глобален добавувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги како што се техничка поддршка, одржување и обезбедување надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2013 година изнесуваше 63.597 милиони шведски круни, а бројот на вработените изнесуваше 48.401. www.skf.com

    ® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.
    ™ BeyondZero е заштитен знак на SKF Group.

  • Слика

Преземете го промотивниот материјал за медиуми

Промотивен материјал за медиуми (5.2 MB)

SKF logo