Нашата компанија

SKF е водечки глобален технолошки добавувач уште од 1907 година. Наша основна сила е способноста постојано да развиваме нови технологии – а потоа да ги користиме за да создаваме производи кои на нашите клиенти им нудат предности во однос на конкурентите. Тоа го постигнуваме комбинирајќи го практичното искуство во повеќе од 40 индустрии со нашето знаење во технолошките платформи на SKF: лежишта и единици, заптивки, мехатроника, услуги и системи за подмачкување. Нашиот успех се базира на ова знаење, на нашите луѓе и нашата посветеност кон начелата за грижа на SKF.

Зголемување на ефикасноста, намалување на потрошувачката на енергија

Технолошкиот развој на SKF денес се фокусира на намалување на влијанието на едно средство врз животната средина во текот на неговиот животен циклус, како во нашето, така и во работењето на нашите клиенти. Портфолиото со производи BeyondZero на SKF е најновиот пример за тоа што SKF го нуди во оваа област.

Прочитајте повеќе за тоа што ја прави SKF компанија со знаење применето во инженерство

Брзи факти

Грижата на SKF - нашата посветеност кон одржлив развој

SKF logo