Лежишта, единици и куќишта

SKF започна со лежиште и се до денес е светски лидер во конструирањето и производството на тркалачки и лизгачки лежишта. Овде ќе го пронајдете нашиот целосен асортиман, вклучувајќи го и широкиот опсег на лежишни единици и куќишта. 


Може да ги пронајдете производите коишто ги барате според:
  • Ознака или димензии: Пополнете во Барање на Производ на десната страна
  • Тип: Користете го линкот до Табели со производи на левата страна

Лежишта

SKF произведува речиси секакви типови топчести и валчести лежишта. Голем дел од нив се достапни во повеќе од една од четирите класи на перформанси на SKF:
SKF standard
Стандардните лежишта на SKF се познати по нивниот врвен квалитет и долг работен век. Сепак, некои апликации треба да издржат поголеми оптоварувања, а истовремено да се намалат триењето, топлината и абењето во лежиштето. Очигледниот избор за овие примени се лежиштата SKF Explorer.
SKF Explorer
Лежиштата од класата на перформанси SKF Explorer се загреваат помалку и работат поглатко и подолго во споредба со лежиштата што не ѝ припаѓаат на класата Explorer. Лежиштата SKF Explorer развиени за апликации со поголеми оптоварувања се произведени од екстремно чист, хомоген челик кој се подложува на уникатна термичка обработка. Уникатната термичка обработка обезбедува оптимална рамнотежа меѓу тврдоста и издржливоста. Внатрешната геометрија и кафезите се оптимизирани за да се намали триењето и абењето. Површинската завршна обработка на сите контактни површини овозможува формирање на хидродинамичен филм.
SKF Energy Efficient
Потребата за зачувување на енергија секој ден станува сè поочигледна, па секоја технологија што овозможува дури и мало намалување на потрошувачката на енергија е значајна вест.
Користејќи ги инженерското знаење и неспоредливата експертиза стекнати низ период подолг од 100 години во полето на трибологија и сродни науки, SKF ја разви класата на перформанси SKF Energy Efficient (E2).
Иако лежиштата на SKF постојано еволуираа во насока на сè поголема ефикасност и надежност, оваа нова класа на перформанси претставува значителен напредок. Лежиштата SKF E2 ги намалуваат загубите од триењето во лежиштето за 30 % или повеќе во споредба со стандардно лежиште на SKF со слична големина. Ова значи дека во споредба со лежиштата на други производители, намалувањето може да биде и подрастично.
SKF super-precision
За да се справи со сè поголемите предизвици за перформансите на прецизните апликациите, SKF има целосна линија од супер-прецизни лежишта. Овие лежишта имаат оптимизиран дизајн, што им овозможува да издржуваат повисоки брзини во споредба со високо прецизните лежиштата од поранешната класа на перформанси. Придобивките од новата класа на перформанси се гледаат преку подобрените севкупни перформанси на лежиштата.
Лежиштата во класата на перформанси за супер-прецизност се карактеризираат со:
  • способност за високи брзини
  • капацитет за издржување големи оптоварувања
  • значителна крутост
  • низок степен на триење
  • продолжен работен век на лежиштето
Достапен е и широк асортиман на лизгачки лежишта, зглобни глави и чаури.
Има многубројни варијанти на дизајн и материјал за овие лежишта.

Единици

Лежишните единици на SKF вообичаено се состојат од лежиште, заптивка, средство за подмачкување и механизам за осигурување. Единиците се составуваат и приспособуваат во фабриката. Овие единици се подготвени за монтажа и се достапни или со топчести или со валчести лежишта.
Покрај стандардните единици целосно изработени од челик, SKF има и специјализирани стандардни производи - наменети за конкретна индустрија – како што се прехранбената, фармацевтската и индустријата за пијалаци каде што на пример има потреба од специјални материјали, средства за подмачкување, заптивки и куќишта.

Куќишта

Имајќи ги предвид лежиштата на SKF со високи перформанси, SKF дизајнира и произведува целосна линија со куќишта за лежишта и заптивки за куќишта. Овие куќишта и заптивки се добро познати по нивниот квалитет и издржливост. Покрај тоа што се карактеризираат со уникатен дизајн, поедноставувајќи ги монтажата, центрирањето и повторното подмачкување, куќиштата на SKF се прецизно обработени за да може вграденото лежиште да го достигне својот целосен работен век.

Одете на табели со производи за Лежишта, единици и куќишта.

Информации за производот

Ве известуваме дека линковите подолу водат до информации достапни само на англиски јазик.
SKF logo