Следење на состојба

Следење на состојба е процесот на утврдување на состојбата на машината додека работи. Клучното за успешна програма за следење на состојбата:
  • Да се знае што да се бара
  • Да се знае како да се толкува
  • Да се знае кога да се примени ова знаење
Со успешно користење на оваа програма се овозможува поправка на проблематичните компоненти уште пред да се јави дефект. Следењето на состојбата не само што им помага на вработените во фабриката да ја намалат можноста за катастрофален дефект, туку и им овозможува да вршат навремени нарачки на делови, да подготвуваат распоред за ангажирање работници и да планираат други поправки во периодот на застој.

Систем за управување со средства SKF @ptitude

Хардверските и софтверските компоненти на Системот за управување со средства SKF @ptitude се дизајнирани за беспрекорна заедничка работа - помеѓу себе и со CMMS на вашата постројка, во една интегрирана платформа. Системот ви овозможува:
  • Да ги интегрирате сите податоци за состојбата на машината во една заедничка програма
  • Лесно да ги споделите податоците низ функционалните линии
  • Да избегнете долги обуки и проблеми со компатибилност на софтверската платформа
  • Да го пренесете истиот успех и во други објекти
Хардвер
Со алатите за мерење вибрации на SKF, експертите и новите корисници ги користат придобивките на одржувањето базирано на состојбата. SKF нуди голем избор на хардвер за следење на состојба, како и сеопфатна линија производи за онлајн системи, како што се:
  • Преносни инструменти за собирање, складирање и разгледување на податоци за состојбата на машините и за процесите
  • Системи за проверка и управници на датотеки, со цел прецизно и доследно евидентирање, анализа на трендови, складирање, информирање и дејствување врз основа на податоците за процесите и проверката
  • Онлајн системи за постојан надзор и заштита на машините
  • Сензори за вибрации и системи со eddy сонди за следење на состојбата на најкритичните машини
  • Тестирање на електромотор

Со минимална инвестиција и обука, можете да ги користите овие алатки за да започнете нова програма за следење на состојба или да ја дополните постојната програма, да ги проверувате лежиштата во електромоторите, да ги намалите трошоците за енергија и да ги намалите емисиите на CO2.
Софтвер
Се состои од три модули - Analyst, Inspector и Observer - SKF @ptitude Monitoring Suite е основата на целосно интегрираниот пристап кон следењето на состојба, овозможувајќи брзо, ефикасно и стабилно складирање, вчитување и ракување со големи количества на комплексни информации за машините и фабриката. Овој моќен софтвер прифаќа податоци од сите уреди и интерфејси за прибирање податоци на SKF со SKF @ptitude Decision Support, со цел да олесни доследно и правилно донесување на одлуките.
Решенија за управување со енергија и одржливост
Решенијата за управување со енергија и одржливост на SKF ви помагаат да развивате начини за контролирање на потрошувачката на енергија и да идентификувате можности за заштеда на енергија во рамки на целата фабрика. Во овие решенија спаѓаат неколку производи и услуги – голем дел од нив се користат во нашите производствени објекти ширум светот.
Поддршка и услуги за следење на состојба
За да ви помогне максимално да ги искористите неговите производи и технологии за следење на состојба, SKF ви обезбедува широк опсег услуги за поддршка, како што се:
  • Техничка поддршка
  • Планови за поддршка за производот
  • Обука
Е-брошури за производите и услугите за следење на состојба
SKF нуди разни производи и услуги за следење на состојбата, со кои ќе се оптимизира одржувањето и надежноста на машините. Следниве е-брошури содржат прегледи на некои од овие производи и услуги.

  • Е-брошура за одржување, надежност и оптимизација на средства: Преглед на технологиите и услугите на SKF
  • Е-брошура SKF Microlog Series: Преглед на најдобрите преносни и рачни уреди за собирање и анализирање податоци во индустријата
  • Е-брошура за интегрирано следење на состојба на SKF: Преглед на врвните алати и технологии во индустријата за оптимизирање на одржувањето и надежноста на машините

Информации за производот

Ве известуваме дека линковите подолу водат до информации достапни само на англиски јазик.
SKF logo