Линеарно движење

Во производите за линеарно движење на SKF се применети знаењето и достигнувањата во областа на системите за линеарен погон (топчести и валчести навојни вретена) и линеарни водилки и платформи.

Системите за линеарен погон вообичаено користат вретена за претворање на кружните во линеарни движења. Тоа успешно се постигнува со нашите погонски производи со висока ефикасност: минијатурни и големи валани вретена со топчиња, режени вретена со топчиња, како и со разните варијанти на вретена со валчиња.

Вториот дел на линеарното движење го сочинуваат линеарните водилки и платформи. Клучното практично знаење овде се применува за наоѓање на најсоодветното решение за наведување, што ја обезбедува потребната прецизност, крутост и позиционирање, за соодветна цена. За да ги добиете компонентите што најмногу одговараат за вашите потреби за наведување, нашата сеопфатна линија производи опфаќа топчести лежишта за линеарно движење, профилни шински водилки, прецизни шински водилки и линеарни платформи и лизгачи.


Информации за производот

Ве известуваме дека линковите подолу водат до информации достапни само на англиски јазик.

SKF logo