Решенија за подмачкување

Дали знаевте дека 36 % од сите предвремени дефекти на лежиштата се јавуваат како резултат на недоволно подмачкување?

Но, вистинското решение за подмачкување ви нуди нови можности за зголемување на продуктивноста и оперативното време. Освен тоа што помага да се намали бројот на предвремени дефекти на лежиштата и времето на неисправност на машините, соодветното подмачкување придонесува и за зголемување на енергетската ефикасност. Ние во SKF може да ви помогнеме да го реализирате вистинскиот потенцијал на подмачкувањето.

Решенијата за подмачкување на SKF опфаќаат специјализирани средства за подмачкување и врвни системи за подмачкување. Нашата експертиза за лежишта, заптивки и следење на состојба, заедно со нашето познавање на трибологијата – науката за триење, абење и подмачкување, се комбинирани во интегрираните решенија за подмачкување на SKF.

Можете да се потпрете и на врвните услуги и техничка поддршка. Тука се и програмите за управување со подмачкувањето за да ви помогнат во изборот на средство за подмачкување, како и во планирањето и надзорот - а сето тоа со помош на еден надежен партнер.

Информации за производот

Ве известуваме дека линковите подолу водат до информации достапни само на англиски јазик.

Издвојуваме

Поврзани документи

SKF logo