Mагнетски системи

Ротирање без контакт

Уште од 1976 година и создавањето на нејзината подружница S2M, SKF се гордее со тоа што е пионер во светски рамки во полето на активни магнетски лежишта и високо-брзински технологии со перманентни магнети за електромотори.
Решенијата со магнетски системи на SKF се наменети за висока брзина, нудејќи исклучителна надежност и извонредни енергетски перформанси.

SKF е лидер на светскиот пазар во развојот, производството, промоцијата и продажбата на активни магнетски лежишта и високо-брзински мотори, а технологијата на SKF се користи во многубројни апликации.

Од една страна, повеќе од 120.000 турбо молекуларни вакуумски пумпи (првенствено за индустријата за полупроводници) сега работат со компоненти на магнетските системи на SKF.

Од друга страна, повеќе од 700 турбо машини што користат магнетски лежишта на SKF се користат во процесите за истражување, производство, транспорт и обработка на природен гас. SKF прв воведе магнетски лежишта и во првите центрифугални компресори за природен гас директно поставени на морското дно.

Сакаме со вас да ја споделиме нашата страст за технологијата и за големиот број можности што ги нуди за таквите разнообразни индустриски апликации.

SKF е подготвен да ве опслужува со производи од светска класа, како и со компетенции, интелектуални ресурси и со визија да ви помогне во иновациите и успехот.

Информации за производот

Ве известуваме дека линковите подолу водат до информации достапни само на англиски јазик.
SKF logo