Производи за одржување

Помогнете му на лежиштето да го достигне својот максимален работен век

Секое лежиште има претходно пресметан работен век. Меѓутоа, истражувањата покажаа дека поради разни причини, не секое лежиште го достигнува предвидениот работен век. Во текот на животниот циклус на лежиштето можат да се идентификуваат важните фази што имаат големо влијание врз неговиот работен век. Тие фази се монтажа, подмачкување, центрирање, основно следење на состојбата и демонтажа. Фазите во животниот циклус на лежиштето се исклучително важни за постигнување на неговиот максимален работен век. Применувајќи ги правилните практики за одржување и користејќи ги соодветните алати, можете значително да го продолжите работниот век на лежиштето и да ја зголемите продуктивноста и ефикасноста на фабриката.

Информации за производот

Ве известуваме дека линковите подолу водат до информации достапни само на англиски јазик.
SKF logo