Опрема за тестирање и мерење

Како голема инженерска компанија, SKF треба да биде сигурен дека нуди производи и услуги коишто ги исполнуваат сопствените високи стандарди. Системите за мерење и обезбедување квалитет, сместени во нашиот сопствен Центар за технологии за квалитет (QTC) ни овозможија да го постигнеме токму тоа во последните 25 години.

Денес, истите ресурси им ги нудиме и на клиентите. SKF ги развива и обезбедува најновите инструменти и технологија, дизајнирани за мерење на усогласеноста со утврдените цели на секој клиент. Големиот број пристапи за мерење ги задоволуваат потребите за обезбедување квалитет на производителите на високо прецизни кружни елементи и сродни производи, како и за тестирањето на масти кај индустријата за масти.

Ако е потребно, SKF тесно соработува и со други специјалисти. Инсталирањето, сетирањето, обуката (на терен или не) и обемните активности што се спроведуваат потоа, се дел од услугите што се обезбедуваат. Покрај тоа, SKF нуди асортиман од мерачи за проверка на конусни ракавци од вратила или за проверка на радијалниот внатрешен зазор на цилиндрично валчести лежишта. Тие се дизајнирани да ги задоволат потребите на високо прецизната технологијата, особено во производството на алатни машини и вретена и услугите за репарација на вретена.

Пристапи за мерење и технологии:
  • Анализа на брановитост, кружност и облик
  • Тестирање бучава и вибрации кај лежиштата
  • Проверка на димензии
  • Оптичка проверка
  • Недеструктивно тестирање
  • Машини за проверка на масти

Информации за производот

Ве известуваме дека линковите подолу водат до информации достапни само на англиски јазик.
SKF logo