Претходно склопен поклопец за заштита од прав

Просторот околу тркалото е постојано изложен на вода и нечистотија. Таквата околина со висока загаденост може да го намали работниот век на лежиштето за тркало. Кај некои од апликациите во автомобилите се користи поклопец за заштита од прав на хомокинетичкиот зглоб, со цел да се заштити лежиштето за тркалото од водата и нечистотијата и да се осигури подолг работен век на лежиштето. 
SKF не ги испорачува поклопците за заштита од прав самостојно во кутијата, туку истите се веќе монтирани на хомокинетичките зглобови.

Придобивки за механичарите:
  • намалено време за поправка
  • избегнати грешки при монтажата
SKF logo