Тркала

SKF беше предводник во секој поважен напредок во технологијата на лежишта за тркала уште од пронаоѓањето на автомобилот, а нашата посветеност на иновациите продолжува и денес. Како компанија специјализирана не само за лежишта, туку и за заптивки, подмачкување и мехатроника, SKF може да се занимава со технологијата на лежишта за тркала и од гледна точка на целиот систем. Резултатот е подобрена функционалност, надежност, ефикасност и безбедност.

Производителите на возила низ светот се потпираат на SKF кога станува збор за компоненти за тркала и интегрирани системи. Деловите на SKF за прва вградба вклучуваат лежишта за тркала, како и самостојни главчини со вградени сензори кои комуницираат со компјутерската единица на возилото за да ги контролираат сопирачките со систем против блокирање (ABS), системите за контрола на влечна сила (TCS) и други важни функции.

Гледајќи кон иднината, SKF сега развива нова генерација главчини со сензори кои уште повеќе ќе ја подобрат безбедноста и возните карактеристики. Лидерската позиција на SKF во технологијата за главчини е потврдена со многубројните награди од производителите на возила како што се Toyota и Fiat, од добавувачите на системи со компоненти и од автомобилските публикации во Европа и во САД. Една од тие награди го прогласи патентираниот X-Tracker на SKF за „најзначајната иновација на глобалниот пазар за лежишта за главчини уште од интеграцијата на сензорите за ABS во деведесеттите“.
SKF logo