Резервни делови на SKF за моторни возила

Користејќи го своето искуство како добавувач на оригинална опрема за производителите на автомобили низ светот, одделот на SKF за резервни делови за возила опслужува автомобили и комерцијални возила низ целиот свет.

Нашата замисла е да им понудиме висококвалитетни производи и врвни услуги на нашите клиенти, без разлика дали нивната професија е поврзана со одржување возила или им ги нудат производите на оние кои се занимаваат со одржување возила.

Нашата линија производи и услуги е резултат на постојаната иновација и подобрување на дизајнот на сите критични компоненти, од мотори и електроника до трансмисија и тркала. SKF продолжува со тековните заложби за развивање на своите услуги и врвни производи.


SKF logo