eXponentia

eXponentia SAS е компанија што нуди техничка обука и телефонска линија за техничка поддршка, создадена од седум водечки добавувачи во автомобилската индустријата: Gates, Johnson Controls, MS Motor Service International (Kolbenschmidt Pierburg), SKF, Tenneco (Monroe, Walker), TRW и Valeo. Партнерството се склучи за да се одговори на драстичното зголемување на техничката комплексност на возилата, за коешто е потребна сè поголема техничка експертиза на автомеханичарите.

Мисијата на eXponentia е да им ја понуди потребната техничка експертиза на европските независни механичари на пазарот за резервни делови (IAM) за вршење поправки на сите возила, вклучително и на најновите, со цел да им ги подобри продажбата и профитабилноста во иднина. Како светски лидери на пазарот за моторни возила, партнерите во eXponentia им го ставаат на располагање најновото практично знаење на независните механичари преку модулите за обука на eXponentia.

eXponentia нуди две главни услуги на нивните пазари: Техничка обука и телефонска линија за техничка поддршка.

Телефонска линија за техничка поддршка

Телефонската линија за техничка поддршка на eXponentia е осмислена со цел да одговори на сите прашања за технички проблеми и поправка на возилата.

Со претплатата добивате:

  • Едно место за информации за дијагностика и проблеми со возилото
  • Решавање на проблемите во реално време
  • Помош обезбедена од квалификувани автомобилски техничари

Придобивки:

  • Штеди време и пари
  • Го подобрува задоволството на клиентите
  • Ја зголемува вашата доверба во решавањето на техничките проблеми на возилото

Повикајте ја телефонската линија за техничка поддршка на eXponentia:

  • Можеби ви изгледа дека вашиот проблем е уникатен, но за нашиот тим за телефонска техничка поддршка може да претставува и вообичаен проблем
  • Сите повици се евидентираат и познатите начини за поправка можат да се објаснат лесно и брзо
SKF logo